„Пеперутка“ на Сашо Димоски премиерно во радиоетерот

peperutka-na-saso-dimoski-premierno-vo-radioeterot-povekjeРадиодрамата „Пеперутка“, авторски текст на Сашо Димоски, премиерно ќе биде изведена во недела (4.11.2012) на www.radiomof.mk во 22 часот.

Оваа приказна за љубовта и вербата во неа ќе ја интерпретираат Васил Зафирчев и Марија Зафирова, додека режисер на звучната слика е Тања Рибарска, која е и автор на музичката предлошка за радиодрамата.

„Пеперутката од една затворена чаура се претвора во едно прекрасно чудо на природата, а сепак живее само еден ден. За да се роди една љубов, потребен е миг, еден таков миг во кој живее и пеперутката“ - вели авторот Димоски.

„Пеперутка“ е прва од циклусот радиодрами со кои независниот театар „Театра“ ќе ја започне својата нова сезона и ќе го промовира проектот „Секаде театар!“. Идејата на самиот проект е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр, а воедно и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот и да се влезе во домовите на неговите љубители.     

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg