Флеш Моб во Skopje City Mall

Повеќе од 120 ученици од Меѓународното училиште Нова во соработка со танцовиот клуб Ритам Плус изведоа несекојдневен музички и танцов перформанс во Скопје Сити Мол познат како Флеш Моб.

flash-mob-skopje-city-mall-1

Посетителите во трговскиот центар беа изненадени кога  неочекувано од различни места во трговскиот, децата почнаа да се појавуваат играјќи во ритамот на песната Dance again на Џенифер Лопез.

Ентузијазмот и возбудата на децата беа очигледни, но и вчудовидувањето на лицата на посетителите кои се најдоа таму во тој момент.

Флеш мобот беше организиран по иницијатива и целосна организација на професорите по танц во училиштето Нова во соработка со танцовиот клуб Ритам Плус.

“Настапот го подготвувавме повеќе од два месеци и целта ни беше да понудиме уште една интересна активност за своите ученици. Благодарни сме на Скопје Сити Мол за гостопримството и желбата да ги понуди најновите светски социјални трендови и во својот трговски центар.” изјави Иван Новаковски, менаџер на Меѓународното училиште НОВА.

flash-mob-skopje-city-mall-2

Флеш мобот е необично интересно доживување за оние кои го изведуваат, но и за оние кои го гледаат. Учесниците настапуваат ненајавено на јавни места и во поголеми групи. Тие се чувствуваат како да се дел од сцена на некој филм или музички спот кој почнува ненадејно и завршува како ништо да не се случило. Момент кој секој би посакал да го доживее. Единствената цел на флеш мобот е да изненади и забавува. Иако до сега кај нас се изведени неколку вакви перформанси, Скопје Сити Мол, следејќи ја својата определба секогаш да понуди нешто ново и поинакво, повторно ни ја донесе магијата и единственото доживување наречено флеш моб.

Настапот е снимен и за неколку дена ќе биде промовиран преку социјалните мрежи (Youtube, Faceboook) за тие што не беа во можност да присуствуваат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg