Секој може – Сподели ја својата приказна

Четвртиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал ќе се одржи од 23 до 26 ноември во Скопје.

sekoj-moze-spodeli-ja-svojata-prikazna

Фестивалот е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје и со поддршка од Филмски Фонд на Македонија.

Генерални партнери на фестивалот се T-Mobile и T-Home.

Мобил Фестивал како и изминатите години ќе патува низ другите градови во Македонија каде што ревијално ќе бидат прикажани филмовите од натпреварувачката, регионалната и интернационалната програма.

Конкурсот е отворен во текот на целата година и може да учествува секој кој ќе испрати филм снимен со мобилен телефон. Филмовите ќе се натпреваруваат за следниве награди: Прва награда од жирито за најдобар филм „Лале“ и Награда за најинвентивен филм.

Пристигнатите филмови ќе бидат селектирани и оценети од жири комисија составена од: проф. Д-р Небојша Вилиќ– историчар на уметноста, Илија Каров – режисер и Мерт Аслани – продуцент.

На 26 ноември во 20 часот во кино Фросина МКЦ ќе се одржи финалната вечер на Мобил Фестивал, каде ќе се прикажат филмовите од натпреварувачката програма и ќе бидат прогласени победничките филмови од овогодинешната конкуренција. Истиот ден од 12 часот во кино Фросина МКЦ ќе се прикажуваат филмови од регионалната и интернационалната програма.

Оваа година како новитет е воведена програма за independent -филмови, како и долгометражни играни филмови снимени со мобилен телефон од овој ранг. Овие филмови ќе се прикажуваат на 24 ноември во 18 часот на Академска сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Исто така фестивалот во соработка со Градот Скопје, повторно ќе го организира Џуниор Мобил Фестивал со учество на голем број ученици од основните и средните училишта од Скопје. Џуниор Мобил Фестивал ќе се одржи на 25 ноември во Кинотека на Македонија во 11 часот.

Најголемата новина на Мобил Фестивал од минатата година - работилниците - Мobile Festival Workshop продолжуваат и на овогодинешното издание. Работилниците ќе се одржат на 23 ноември од 10 до 15 часот во ЕУ инфо центарот, оваа година се поддржани од Европската комисија и Словачка амбасада во Македонија. Овие тридневни работилници ќе бидат составени од 4 курса во кои учесниците ќе се запознаат - со новите технолошки изуми кои го менуваат или олеснуваат процесот на создавање на филмови. Во неа учесниците ќе се обучат и мотивираат да развијат своја лична и индивудална перспектива на употребата на новите технологии како креативни алатки за филмско изразување. Покрај ова ќе бидат и анализирани примери до светската independent и low-budget филмска сцена, и ќе се навлезе посериозно на можността тие да бидат снимани со камера од мобилен телефон.

Условите за пријавување и испраќање на филмови за учество во официјална конкуренција се достапни на веб страната на Мобил фестивал http://www.mobilefestival.net/.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg