Промоција на книгата „Надвор од линијата“ од Ивана Тасев

На 25 декември, во среда, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (горно фоаје) издавачката куќа „Галикул“ ќе ја промовира првата книга „Надвор од линијата“ (одбрани разговори) од новинарката Ивана Тасев.

promocija-na-knigata-nadvor-od-linijata-od-ivana-tasev-01

Книгата е поддржана од Министерството за култура, воведот го потпишува Гоце Смилевски, а дизајнот е на Бојан Кртолица. Промоцијата спонтано ќе се претопи во забава до полноќ, а за добрата атмосфера ќе се погрижи Ѓорѓи Јаневски со својот музички избор. 

Новинарката, годинава одбележа десет години креативна работа во неделното списание „Теа Модерна“, (а 17 години севкупно како новинар), па оттаму и потребата да ги заштити од заборав некои од своите длабоки и искрени пишани дела, кои досега се објавени во тиражниот неделник. Станува збор за интервјуа со веќе добро докажани и звучни имиња од креативната македонска сцена.

„Овие редови, отскокнуваат од линијата на класично интервју и природно се преобразуваат во куси литерарни творби. Текстовите дотолку ги разоткриваат уметниците како личности, нивните форми на изразување, ставови, пориви, доблести, слабости, интимни размисли, нивната чувственост... што прави да се впиваат во еден здив. Тие се печат на едно време. Доказ дека постои плодна и потентна сцена. Сведоштво за варијабилите на уметничка сцена во Македонија, изминативе десетина години. Своевиден уметнички тестамент. Транспарентно огледало на уметничката свест. Затоа што верувам дека постои огромна подземна желба повторно да се воспева убавината. Ова четиво може да биде од  корист и на следните генерации, кои би сакале да го детектираат уметничкиот светоглед на респектибилните уметници од ова време. Бидејќи, ова е книга, како слика на едно време. Достоен стремеж кон светли нешта. Минуциозен поглед навнатре. Манифест за македонска пролет“ вели авторката Тасев.

promocija-na-knigata-nadvor-od-linijata-od-ivana-tasev-02

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg