Хуманоста е таа што секогаш спасува

Хумани сме бидејќи сакаме да бидеме. Хумани сме бидејќи некои луѓе сметаат на нашата помош. Хумани сме бидејќи чувството да спасиш човечки живот е непроценливо. Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи.Таа е дел од нашата животна етика.

humanosta-e-taa-sto-sekogas-spasuva-01

По повод  Денот на крводарителите и на Црвениот крст на Република Македонија 17-ти Март, Твитер заедницата организираше крводарителска акција  од која дел беше и АИЕСЕК Скопје.

 „На нашата организација и е чест и задоволство да присуствува на еден ваков настан и што е најбитно да допринесе за подобрување на нечие здравје.  Да се биде дел од оваа крводарителска акција беше едно навистина прекрасно чувство. Беше инспиративно, предизвикувачи, беше неизмерна среќа. Во тој момент знаевме дека спасуваме нечиј живот. Знаевме дека некој ќе ни биде благодарен. Знаевме дека со тоа стануваме подобри личности кои допринесуваат и кои позитивно влијаат на општеството.“

АИЕСЕК Скопје е дел од многу проекти. Дел е од најголемата студентска размена во светот која ја овозможува преку волонтерски и професионалните пракси. Дел е од многу платформи. Но она што е најважно е тоа дека АИЕСЕК Скопје е дел од создавањето на личности кои поседуваат вредности, кои се свесни за својата општествена одговорност, кои се свесни за проблемите на општеството и кои се свесни за својот допринес.

Ние како студенти можеме да допринесеме со нашата хуманост, бидејќи хуманоста е таа што секогаш спасува.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg