Сакате ли да го прошетате светот во еден ден?

АИЕСЕК Скопје со гордост ви го најавува и ве поканува нa Global Village! Организиран од АИЕСЕК Скопје, настанот ќе се одржи на 30-ти април ( среда ), во 14:00 часот, во трговскиот центар Skopje City Mall кој, воедно, е и официјален поддржувач.

sakate-li-da-go-prosetate-svetot-vo-eden-den-01

Целта на настанот е да се прослави разновидноста  и мултикултурализмот односно на едно исто место да се соберат разни култури и претставници од преку 20 држави, кои ќе презентираат особености на земјите од каде доаѓаат – брошури, музика, танц, традиционални јадења, пијалаци, облека.

Идејата е младите да се запознаат со поинаквите култури и традиции и да ги почувствуваат животните стилови на другите држави. Тоа го оживува основното гледиште за светот како едно големо “глобално село” кое ги инспирира луѓето да ја разберат и ценат различноста која само придонесува за мир и исполнетост на човечкиот потенцијал, што всушност е нашата визија и мисија.

Факт е дека одамна во нашиот главен град не сме биле сведоци на случување од ваков тип, па затоа овој хепенинг е добродојден за проширување на видиците на нашето општество, подобро запознавање со странски култури, едукација и пред се, бар на миг, излегување од монотоното секојдневие.

А, сето тоа ќе се постигне преку целодневна забава и дружење на претставниците од повеќе земји и практикантите од странство кои престојуваат во Македонија.

Како ова изгледа ширум светот?

Ве очекуваме!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg