Македонија втора на Евровизија 2015

Вчера вечер беше извлечен и објавен комплетниот распоред за настапите на Евровизија 2015 која ќе се одржи во Виена на 19 и 21 мај.

makedonija-ke-nastapuva-vtora-na-evrovizija-01.jpg

Од вкупно 33 земји поделени во 2 полуфинални вечери, Даниел Кајмакоски како наш претставник ќе настапува втор на 19-ти мај, во првата полуфинална вечер.

Шоуто ќе го отвори настапот на Грција, а по нас следува Естонија.

Дел од земјите кои ќе настапуваат првата вечер и ќе се борат за влез во финале заедно со нас се Албанија, Финска, Белгија, Србија, Русија, Белорусија, Унгарија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg