Голем хуманитарен концерт под маски

Први април на сите ни е веќе познат како ден на шегата, ден кога сите ја изразуваат својата креативност преку маски. Затоа, ве покануваме на една одлична журка во која можете да ја искажете вашата креативност заедно со добра музика како и добра забава.

golem-humanitaren-koncert-pod-maski-01.jpg

Во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Карпош преку програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредност , ние, учениците при СУГС гимн. "Никола Карев" ве покануваме на забавен начин да го поминеме овој Ден на Шегата.

Влезницата ќе биде со цена од 50 денари, а собраните средства ќе се наменат за помош на Марга Велеска, 27 годишна девојка со церебрална парализа.

За самата атмосфера ќе се погрижат бендот Asteroid B612 и DJ EnigmA.

Програмата Црвен крст во Акција - Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Во текот на цилкусот 2013/2014 обуката ја поминаа 1276 младинци, 1153 од нив изработија рекорден број на 210 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 4055 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 30 838 волонтерски часови.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција - Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Норвешка Амбасада од Србија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg