Едукативна трка со велоспиеди во Градскиот парк

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин во текот на вчерашниот ден организираше едукативна трка со велосипеди во Градскиот парк во Скопје.

edukativna-trka-so-velosipedi-vo-gradski-park-1

На 28 мај 2015, со почеток од 10:30 часот, 30 ученици од основните училишта „Христијан Тодоровски – Карпош“, „Гоце Делчев“ и „Јан Амос Коменски“ од Скопје се натпреваруваа во градскиот парк. Трката започна од „фонтана парк“ и имаше определено повеќе застанувања (едукативни точки) во рутата по која учесниците возеа низ паркот. На секоја едукативна точка имаше Гоу Грин членови кои поставуваа прашања за велосипедизам и климатски промени. Критериум за победникот ќе биде бројот на точно одговорени прашања. 

Како подготовка за едукативната трка, горенаведените основни училишта беа посетени од страна на волонтерите на Гоу Грин, кои им презентираа повеќе за проектот, транспортните навики и климатските промени.

Победникот на трката ќе добие персонализација на велосипедот од страна на „Dragon custom bikes“.

Наградите за второ и трето место ќе бидат доделени од страна на Треска Спорт.

Овој настан е дел од проект кој е поддржан од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија и Владата на Република Македонија.

Проектот кој има за цел да поттикне што повеќе млади да го користат велосипедот како основно превозно средство, подобрувајќи ги условите за користење на велосипедот како превоз до училиште и подигнувајќи ја свеста на велосипедистите за останатите учесници во сообраќајот.

edukativna-trka-so-velosipedi-vo-gradski-park-2

edukativna-trka-so-velosipedi-vo-gradski-park-3

edukativna-trka-so-velosipedi-vo-gradski-park-4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg