Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше!

На 05. октомври 2015 година, со почеток во 19:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше".

bidi-i-ti-del-od-zvezdenoto-nebo-na-toshe-01.jpg

Оваа година на задоволство на сите, покрај неговите познати хитови ќе имаме можност да слушнеме и до сега необјавена песна на Тоше Проески.

Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест.

Фановите остануваат доследни на одбележувањето на овој настан и по осум години откако Тоше Проески го одржа последниот концерт во Скопје токму на овој датум.

Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg