Health, Fitness & Wellness Expo во Скопје: Како помина најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил?

Минатиот викенд во Скопје се одржа Health, Fitness & Wellness Expo, во организација на Моментум Инк. Настанот беше планиран и имплементиран во одговор на се поголемиот тренд на водење здрав животен стил, со цел поттикнување и промовирање здрави навики, а привлече околу 2.600 посетители во период од три дена.

health-fitness-wellness-expo-vo-skopje-kako-pomina-najgolemiot-interaktiven-nastan-za-zdrav-zivoten-stil-01.jpg

Организирана беше богата програма на два интерактивни подиуми односно 30 активности и презентации на различни теми.

На настанот изложуваа дури четриесет изложувачи, што кажува за сериозен и квалитетен настан со богата понуда за посетителите. Дополнително, уште десет центри беа вклучени во програмата со свој настап.

Во склоп на настанот успешно беа организирани повеќе натпревари во кои учествуваа голем број посетители, а најдобрите си добија и вредни награди.

По успешната организација, од Моментум најавуваат дека настанот ќе продолжи да се одржува секоја година, а следното издание да го очекуваме во 2016-та.

Како изгледаше се што се случуваше минатиот викенд, погледнете низ Facebook албумите и преку видеото во продолжение:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg