Orbit ве повикува: Ајде заедно да подариме илјадници детски насмевки!

Сите љубители на здравите, убави детски насмевки имаат можност во периодот од денес па сѐ до 30-ти јуни, со купување на своите омилени Orbit гуми за џвакање да придонесат за поуспешно реализирање на детскиот дентален едукативен караван.

orbit-ve-povikuva-ajde-zaedno-da-podarime-iljadnici-detski-nasmevki-1.jpg

Караванот “Orbit подарува насмевка” е проект од глобален карактер организиран од компанијата Марс Оверсис Холдингс Претставништво Скопје, кој оваа година за прв пат се  спроведува во Македонија, а во околните земји до сега покажал значителни резултати во подигнувањето на свесноста за оралната хигиена кај децата, а преку нив и кај возрасните.

Orbit авантурата започна, а во следниот период сите граѓани со купување на своите омилени Orbit гуми за џвакање ќе допринесат во поголема покриеност на проектот, односно посета на караванот на поголем број на училишта и едукација на поголем број на деца.

Со почетокот на новата учебна година, Orbit караванот ќе ја започне обиколката на училиштата ширум земјата со цел едукација на децата од училишна возраст за потребата од правилно и секојдневно одржување на оралната хигиена. Едукативниот караван ќе биде интересен и полн изненадувања, а од него децата на забавен начин ќе научат зошто и како треба да се грижат за своите заби.

Проектот е поддржан од Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години во Македонија.

Најубаво е кога децата се смеат, а уште поубаво е кога насмевката има здрави заби!

Заедно, за здрава детстка насмевка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg