Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Curiosity величествено се движи по Марс

curiosity-velicenstveno-se-dvizi-po-mars

Роботизираното возило Curiosity кое на 6-ти август се спушти на Марс, го почна своето прво патување по површината на Црвената планета и се движи „величествено добро“, објави во четвртокот американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Како што нагласуваат од NASA најавувајќи ја серијата научни истражувања што следните денови ќе ги извршува подвижната роботизирана лабораторија, Curiosity во вторникот минал 16 метри, а сега пред него претстои пат долг 400 метри во источна насока до одредиштето каде првпат ќе ја употреби својата дупчалка за да ја испита почвата.

„Со тоа движење започнува нашето прво патување кон првата дестинација Гленелг“, рече Артур Амадор од Јet Propulsion Laboratory (JPL) при NASA со седиште во Пасадена, близу Лос Анџелес.

Гленелг е место на коешто се среќаваат три типа почва, па научниците се надеваат дека таму ќе ја пронајдат првата карпа којашто ќе ја дупчат и анализираат.

Меѓутоа до Гленелг претстои пат од неколку седмици, па 899 килограми тешкиот и 2,5 милијарди долари скапиот Curiosity ќе мора попатно да прави паузи. Една од нив ќе биде подолга од една седмица во текот на којашто ќе биде тестирана роботизираната рака на оваа подвижна научна лабораторија на којашто се наоѓаат десет софистицирани уреди за мерења, испитувања и снимања.

Curiosity претходно во средата ги сними падините на Маунт Шарп според кои ќе биде изработена тродимензионална мапа и ќе биде одредена најпогодната патека за искачување до највисоката точка на овој рид.

31.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg