Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Земјата се сретна со Сонцето (фото)

zemjata-se-sretna-so-sonceto-foto-1

Земјата е мало незначително зрнце прашина и кислород во споредба со сонцето, барем тоа е впечатокот што го стекнавме оваа недела од НАСА и некои прекрасни слики кои организацијата ги објави во јавноста.

Во последниот ден од август во 04:36 по источно време, вжарена соларна маса експлодираше од Сонцето со брзина поголема од 900 милји во секунда. Таа ерупција беше снимена и фотографирана од страна на Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА.

Снимањето на експлозијата е навистина спектакуларно, но опсерваторијата отиде чекор понатаму, покажувајќи го размерниот однос меѓу Земјата и експлозијата на слика.

Забележете како нашата планета е едвај една педесетинка во споредба со експлозијата која излегува од Сонцето.

Тоа исфрлање на соларна плазма од нашето сонце не беше насочено директно кон Земјата, но беше доволно да предизвика појава на поларна светлина на 3ти септември над Вајтхорс, Јукон, лоциран во западна Канада.

Еве уште некои фотографски слики од најскорешната експлозија на сончева плазма, дело на научниците од НАСА.

На сликата подолу прикажана е споредба на четири слики од експлозијата прочитана во различни бранови должини. Научниците на НАСА собираат информации за брановата должина за да ја испитаат температурата во соларната материја. Тие се надеваат на понатамошно истражување на динамиката на експлозиите внатре во Сонцето.

zemjata-se-sretna-so-sonceto-foto-2

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg