Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Колку вода има на Земјата?

Набљудувана од високо, Земјата во најголем дел е во вода. Само 29% од нејзината површина ја сочинува копно, а дури 71% вода.

kolku-voda-ima-na-zemjata-1

Ниту едно друго небесно тело, колку што  е познато, на својата површина нема течна вода, а нашата планета изобилува со вода.

Најмногу вода има во океаните и морињата (речиси 97%), но замрзната вода има на половите, во глечерите, реките, мочуриштата и во атмосферата.

Вода има и во сите живи суштества, дрвата... па поради тоа, филозофот Талес сметал дека основен елемент од што е направено сè, е токму водата.

Доколку, целата вода во океаните и морињата, сите тие 1.338.000.000 km3 вода, се соберат во една кугла, дијаметарот би бил само 1.385 km. што е за 30 километри повеќе од најоддалечената точка од Балканскиот Полуостров (од Истанбул до западниот брег на заливот во Трст).

kolku-voda-ima-na-zemjata-2

Подземни води

Но, големи количини на вода на нашата планета има и под земјата. Неа ја сочинуваат подземните реки, мочуриштата. Целата таа вода  во голем дел е слатководна. Голем проблем е што големи количини на подземна вода се наоѓа стотици метри длабоко, дури и километар, па поради тоа, таа е недостапна за употреба.

kolku-voda-ima-na-zemjata-3

Доколку, целата таа вода се собере во кугла, нејзиниот дијаметар би изнесувал 272.8 km. Волуменот на куглата би изнесувал 10.633.450 km3.

Вода од реките и езерата

Целата вода од реките и езерата, според пописот на водата, изнесува 93.113 km3. Куглата би имала дијаметар од 56.2 km. 

kolku-voda-ima-na-zemjata-4

Зошто е тоа така?

Од една страна се забележува дека водата ја има во најголем дел на Земјата, а од друга страна се забележува дека само мал дел на вода ја сочинува нашата планета. Причината е во фактот што во споредба со дијаметарот на планетата, водата е разлеана во сосема тенок слој по Земјата. Планетата е доста мазна. На пример: кога топка од билијард ќе се  зголеми до големина на Земјата, на неа би се виделе огромни понирања и планини, многу поголеми отколку што постојат на нашата планета.

Така, највисоката планина на Земјата, Монт Еверест (8.848 м.н.в.) не се гледа наспроти дијаметарот на Земјата од 12.742.000 m.  Најдлабоката длабочина на Земјата, во Маријанските води на дното на Тихиот Океан, изнесува нешто помалку од 11 km. и е невидлива, наспроти 12.000 km. дијаметарот на Земјата.

kolku-voda-ima-na-zemjata-5

Во споредба со билијардските топки, Земјата е совршено мазна.

Колку вода има на Земјата, многу или малку, зависи од тоа со што се споредува нејзината количина.

Околу 12.900 km3 вода (голем дел во водена пареа) се наоѓа во атмосферата. Доколку, целата таа влага одеднаш би паднала на површината на Земјата, таа би била прекриена со само 2.5 cm. вода.

Секој ден 1.170 кубни метри вода испарува или се исфрла од организмите во атмосферата.
Слатка вода има најмногу под земјата отколку во реките и езерата.
Повеќе од 8.400.000 km3 слатка вода е складирана во земјата, најголемиот дел на речиси 100 км. под површината.

Слатката вода ја има највеќе во поларните капи и глечери и на Гренланд: 29.200.000 km3.

извор: www.astronomija.com.mk

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg