Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Претерано се грижите и правите филмови во глава? Тоа значи дека сте креативен генијалец!

Сликата за уметник длабоко потонат во своите мисли, заробен во циклус на сомневање во сопствените способности кој на крајот создава ремек-дело на кое сите се воодушевуваат е стереотип кој ни е познат на сите.

preterano-se-grizite-i-pravite-filmovi-vo-glava-toa-znaci-deka-ste-kreativen-genijalec-1.jpg

Колку и да изгледа нереална и претерана, особено во популарната култура на новото време, сепак можеби и не станува збор само за стереотип туку за нешто кое е вистинско и точно.

Загрижени сте дали можеби во вас се крие креативен генијалец? Тогаш најверојатно и имате право.

Ако сте една од личностите кој длабоко размислува за секој проблем дури и откако тој ќе се реши или постојано чувствувате некаква чудна вознемиреност, тогаш добрите вести се дека можеби поседувате зголемена способност за креативно размислување.

Истражувачите од „King’s College London“ откриле дека лицата кои постојано се грижат имаат повисоко ниво на активност во делот на мозокот кој ја контролира нашата перцепција за закана, што значи дека кај нив паниката настапува многу побрзо отколку кај другите.

Заради овие клучни невролошки разлики, ваквите личности имаат исклучително активна фантазија, која е всушност само дополнително ги влошува овие чувства на закана.

Во суштина, луѓето со хиперактивна имагинација (клучна карактеристика за креативните генијалци) и прекумерната грижа не само што се неразделно поврзани, туку исто така и се надополнуваат една со друга функционирајќи во еден бесконечен циклус на измачување и генијалност.

Каде би бил светот без овие постојано загрижени лица?

Тие оние кои најчесто даваат најдобри одговори на сложените проблеми бидејќи целиот тој процес на прекумерна загриженост е всушност период во кој целосно навлегуваат во проблемот и бараат најдобро решение.

Ако Александар Флеминг не бил толку загрижен за бактериските инфекции можеби сè уште ќе живеевме во свет без антибиотици.

Но уште поважно, каде ќе беше овој свет без уметноста?

Благодарение на преголемата загриженост на овие лица светот денес е побогат за голем број изуми и огромен научен напредок. Нивната жива имагинација е местото од каде произлегуваат нашите омилени филмови, книги, слики... без кои човештвото би било многу сиромашно.

Затоа сите вие кои се нервирате што премногу размислувате, дишете слободно и имајте на ум дека токму вашата загриженост е таа која еден ден ќе го смени светот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg