Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


На 12-ти и 13-ти август подгответе се за најголемиот метеорски дожд, Персеиди

Месец август секоја година се поврзува со една посебна астрономска појава позната како метеорски дожд.

podgotvete-gi-zelbite-doagja-meteorskiot-dozd-perseidi-01.jpg

Метеорскиот дожд кој редовно „паѓа“ на Земјата помеѓу 23-ти јули и 20-ти август потекнува од кометата Свифт – Татл, која прави круг околу Сончевиот систем за 130 години оставајќи зад себе облак од метеори познат како Персеиди.

Согласно изјавите на астрономите, кулминација на овој метеорски дожд ќе се случи помеѓу 12-ти и 13-ти август, но неговото набљудување ќе биде отежнато од светлината на Месечината, која токму во тој период таа ќе се наоѓа на пола пат од полумесечина до полна месечина.

Токму затоа најдобро време за набљудување на оваа појава ќе биде периодот непосредно пред изгревањето на Сонцето.

Персеидите се познати и под името „Солзи на светецот Лоренцо“, затоа што достигнуваат најголем интензитет во периодот кога се одбележува денот на овој католички светец (10-ти август).

Како изгледаше минатата година:

Оваа година за најдобар поглед, одберете место каде небото е потемно, a оваа алатка ќе ви помогне да најдете темно место најблиску до вашиот дом.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg