Hubble: уникатни фотографии

За 20 годишницата од постоењето на телескопот Hubble на НАСА, беа објавени најзначајните и најдобрите фотографии од вселената кои се направени...

 

...со овој телескоп.

На фотографиите се прикажани масивни облаци на прашина во кои се раѓаат нови ѕвезди, моментот кога ѕвездата умира, па и од некои нови планети кои се наоѓаат далеку од Сончевиот систем.

nubble-unikatni-fotografii

НАСА овие фотографии ги објави во новата книга наречена "Hubble: Патување низ просторот и времето". Исто така, објавени се фотографии на кои е прикажано како е тој надоградуван, подобруван и одржуван. На овој телескоп потрошени се 10 милијарди долари.

Hubble е лансиран во вселената на 24-ти април, 1990 година. Првите фотографии кои ги направи Hubble беа во црно-бела варијанта, кои истовремено покажаа дека огледалото на телескопот e неправилно поставено.

nubble-unikatni-fotografii-1

nubble-unikatni-fotografii-2

Веќе во 1993 година, овој телескоп е поправен и фотографиите кои ги испраќаше на Земјата беа поквалитетни. Од тогаш до денес, телескопот е сервисиран 5 пати. Hubble ќе испраќа заносни фотографии до 2014 година, а потоа планирано е да оди 'во пензија' и да биде заменет со телескопот James Webb.

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg