Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Скопје, 17.04.2024 – Во секоја демократска држава, граѓаните имаат привилегија и одговорност да учествуваат во изборниот процес. Секој од нас има граѓанска должност да излезе на избори и да гласа. Гласањето не е само право, туку и обврска, која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество.

dali-glasanjeto-e-pravo-na-izbor-ili-obvrska-dali-e-do-niv-ili-do-tebe-e-01.jpg

Преку гласањето, не само што ја изразуваме нашата индивидуална волја, туку го користиме правото на избор, како најсилно оружје, за да ги одбраниме нашите ставови, идеи и одлуки. Секој глас директно влијае во формирањето на политичките одлуки кои имаат влијание на нашето секојдневие.

Во секое демократско општество, каде што секој од нас има право на мислење и избор, најважното е да се учествува во гласањето и во креирањето на сопствената држава. Вашето отсуство на изборите, ќе го ограничи вашето право и на тој начин, нема да ја исполните вашата најважна граѓанска должност. Гласањето не е само привилегија, туку и одговорност, па доколку не чувствуваш одговорност за своите постапки, тогаш најголемиот виновик си ти и баш поради тоа, “Не е до нив, до тебе е“.

Одлуките ги носиш ти и во секоја одлука учествуваш ти. Иако е само еден глас, можеби токму твојот, ќе пресече во одлуката, затоа кажи го твоето мислење, искористи ја моќта на гласачкото право, оправдај ја твојата граѓанска должност и гласај. Гласај затоа што само така имаш моќ да насочиш, да подобриш, да задржиш или да промениш. И запомни - не е до нив, до тебе е.

glas.jpg

Доколку го искористиш твојот глас, ќе го одбереш патот по кој заеднички ќе се движиме кон упеси за сите нас и само така ќе докажеш дека не е до нив, до тебе е.

Со тоа што ќе го искористиш правото на глас, се грижиш за твоите блиски и сакани, се грижиш за иднината на татковината и им даваш одличен пример на новите генерации. Доколку на овие избори излезеш и гласаш, ќе ги мотивираш сите околу тебе да го искористат нивното право и да ја исполнат нивната основна обврска. Гласај, за да им покажеш и на останатите дека не е до нив, до нас е.

Твојот заокружен избор е таен и останува меѓу тебе и параванот, но во моментот кога гласаш, гласно се бориш за твоите потреби. Гласај, затоа што тоа е единствениот начин да го искажеш твојот став, твоето размислување, твојата желба и твојата идеја за подобра држава. Гласај, затоа што гласањето не е само право на избор, туку е и израз на твоја граѓанска совест, свест и одговорност. Гласај, затоа што „Не е до нив, до тебе е!“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg