Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Тори Спелинг стана мета на критики - Нема пари и спие во евтини мотели, а троши на филери и пластични операции

За потсетување, Тори потекнува од богато семејство – богатството на нејзиниот татко се проценуваше на 600 милиони долари. Но, поради лошите навики за трошење, актерката добила околу 800.000 долари по неговата смрт.

Извори блиски до актерката тврдат дека поради неконтролираното трошење, таа дефинитивно има проблеми со парите.

„Вистината е дека не е во добра финансиска состојба. Не беше одговорна со парите, не размислуваше за иднината на семејството, а сега ова ѝ предизвикува проблеми. Долго време Тори трошеше пари како да ќе ги има засекогаш“.

tori-speling-na-meta-na-kritiki-nema-pari-i-spie-vo-evtini-moteli-a-troshi-na-fileri-i-plastichni-operacii-07.jpg

Во јули годинава, таа и децата беа фотографирани во евтин мотел, а подоцна самата откри дека спиеле во мотелот бидејќи имале мувла во домот.

Кон крајот на август, Тори сподели фотка од болница на која се гледа дека има канила во раката.

„Овде сум четврти ден и многу ми недостасуваат моите деца“, пишува на објавата.

tori-speling-na-meta-na-kritiki-nema-pari-i-spie-vo-evtini-moteli-a-troshi-na-fileri-i-plastichni-operacii-04.jpg

Набрзо потоа, актерката беше фотографирана како излегува од болница.

Тори, која седеше во инвалидска количка, изгледаше преморено, а имаше и модринка на лицето.

tori-speling-na-meta-na-kritiki-nema-pari-i-spie-vo-evtini-moteli-a-troshi-na-fileri-i-plastichni-operacii-05.jpg

Само еден месец подоцна, со објави на Инстаграм, 50-годишната актерка покажа дека изгледа одлично.

На лицето нема ниту една брчка, а изгледа и како да ставила филери на усните.

Додека некои имаат само комплименти за неа, многумина ја критикуваат.

Иако изгледа дека актерката повторно работи, фановите дебатираат за тоа како може да има пари за филери и третмани за убавина, кога пред еден месец живеела во мотел.

tori-speling-na-meta-na-kritiki-nema-pari-i-spie-vo-evtini-moteli-a-troshi-na-fileri-i-plastichni-operacii-10.jpg

Некои сметаат и дека направила пластична операција и всушност затоа била во болница.

„Не разбирам, ако си толку сиромашна, како можеш да си ги дозволиш многуте филери на лицето?“

„Вели дека нема пари, но филерите не се бесплатни“.

„Не беше во болница бидејќи беше болна, туку закрепнуваше од пластична операција. Никогаш не била послаба“.

Прочитајте и: Тори Спелинг на „работ од сиромаштија“ среде развод - Порасна во палата со 123 соби, сега оди во евтини мотели

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg