Тажниот живот на најстариот син на Силвестер Сталоне: Почина на 36 години, бил зависен од лекови

Заедничкиот филм на Силвестер и Сејџ бил како копија на реалноста

Како што спомнавме, актерот самиот откри дека црпел инспирација од неговиот однос со син му Сејџ за филмот Rocky V.

Во филмот, ликот на Сталоне – Роки – постојано тренира и нема време за син му.

Иронично е што истото се случувало и во нивнот приватен живот.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-07.jpg

Подоцна Сејџ изјави дека снимањето му било како терапија:

„Кога во филмот викам ’Никогаш не минуваш време со мене! Никогаш не минуваш време со мајка ми!‘, тоа беше вистина. Го гледав татко ми во лице и навистина го мислев тоа“.

Сејџ откри и дека филмот донекаде им помогнал да го подобрат односот.

„Неколкупати се расплакавме (на снимањето). По филмот, сè се промени. Бевме подготвени да направиме што било еден за друг“.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-04.jpg

Сепак, немале многу заеднички нешта

Иако Сејџ вели дека односот им се подобрил, тој и татко му всушност немале многу заеднички работи.

Од една страна, Сталоне стана познат по мускулестото тело, а од друга – Сејџ не сакал таков начин на живот.

Поради ова, актерот честопати го критикувал Сејџ – му приговарал за неговата тежина, за пушењето цигари, за храната што ја јадел…

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-03.jpg

Почнал да злоупотребува лекови

Според пријателите на Сејџ, тој страдал од анксиозност и други проблеми со менталното здравје, па почнал да користи разни лекови за ова.

Наводно, тој не користел дрога, но пиел премногу лекови и пушел многу.

Притоа, избегнувал да зборува за тоа.

„Се повлекуваше и стануваше депресивен. Заземаше одбранбен став кога му зборувавме за тоа (лековите).

Му беше болна тема. Сигурен сум дека беше зависен од тие лекови“, откри негов пријател во интервју.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-06.jpg

Почина ненадејно на 36-годишна возраст

На 13 јули 2012 година, Сејџ беше пронајден мртов во неговиот дом.

Поради повлечениот начин на живот, почнаа да се јавуваат гласини дека поминале неколку денови од смртта пред телото да му биде најдено. Сепак, овие шпекулации се покажаа како лажни.

Наводно Сејџ не користел дрога, но околу него имало куп лекови.

Починал од инфаркт предизвикан од проблеми со срцето, а во неговиот организам имало само слаб лек против болка, но не во многу големо количество.

Се појавија и гласини дека можеби станува збор за самоубиство, но неговите блиски тврдат дека иако бил повлечен, ништо не укажувало на тоа дека би посегнал по својот живот.

Наводно, причината е сепак проблем со срцето бидејќи пет деца на актерот имаат слични проблеми.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно... Биле бизнис партнери кои заедно отвориле своја продукциска куќа, а 9 години подо...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg