Тажниот живот на најстариот син на Силвестер Сталоне: Почина на 36 години, бил зависен од лекови

Најстариот син на Силвестер Сталоне – Сејџ – почина во 2012-та, на само 36-годишна возраст. Тој период се појавија гласини дека неколку дена бил мртов пред да го најдат, како и дека извршил самоубиство. Гласините се покажаа како погрешни, а Сејџ умрел од инфаркт поради проблем со срцето каков што имаат и другите деца на актерот.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-01.jpg

Силвестер Сталоне има пет деца. Од првиот брак доби два сина, а од вториот – три ќерки.

Но, во 2012-та, актерот го изгуби најстариот син – Сејџ Сталоне – кој почина од инфаркт на само 36-годишна возраст.

Сталоне речиси и да не зборува за трагичниот настан, но неодамна, во нов документарец – Sly – реши да се отвори.

Во петтото продолжение на популарниот филмски серијал Rocky, синот на актерот го глуми синот на главниот лик Роки Балбоа.

Дејството на филмот се фокусира на проблематичниот однос на Роки и син му, а сега актерот откри дека црпел инспирација од неговиот однос со Сејџ.

„Пробав да искористам нешто што посакував да го направам во реалниот живот, но не успеав… Многу детали од филмот се вистина.

За жал, некогаш ставате некои други работи пред семејството. И, последиците се ужасни“..

Во продолжение, неколку детали од тажниот живот на Сејџ Сталоне:

Имал тешко детство

Неретко, децата на познатите личности страдаат од целото внимание што го добиваат.

Во ваква ситуација се наоѓал и Сејџ.

Генерално, тој го поминал детството со неговата мајка бидејќи актерот и сопругата се разведоа, но и бидејќи Сталоне беше огромна филмска ѕвезда со натрупан распоред.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-10.jpg

Истовремено, Сејџ се соочувал и со друг проблем – на училиште го малтретирале и исмејувале бидејќи не бил „силен како неговиот татко“.

Во интервју од 1996-та, и самиот сподели детали од училишните денови:

„Бев мирно дете, а на училиште најчесто имаше деца кои ме предизвикуваа на тепачка, ми викаа Рамбо и Роки“.

Поради сето ова, Сејџ станал мошне повлечена личност и имал мал број блиски пријатели.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-09.jpg

Имал комплициран однос со татко му

Според близок пријател на Сејџ, тој го сакал, но и го мразел татко му.

„Најпрво ќе го пофалеше, а неколку минути подоцна ќе видеше фотографија во некое списание и ќе речеше: ’Гледај ги тетоважите што си ги става на 66 години. Што ли мисли?‘

Мислам дека имаше период по разводот на неговите родители кога се оддалечија. Како дете, имаше тешкотии со татко му. Самиот кажуваше дека минувал малку време со него“.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-08.jpg

И самиот Силвестер Сталоне неколкупати има изјавено дека посакува да бил подобар татко.

„Најмногу жалам за тоа. Имам слушнато како луѓето велат ’Посакувам да покажев повеќе љубов‘ или ’Посакувам да минував повеќе време со него‘ и јас сум таков“.

tazhniot-zhivot-na-najstariot-sin-na-silvester-stalone-pochina-na-36-godini-bil-zavisen-od-lekovi-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно... Биле бизнис партнери кои заедно отвориле своја продукциска куќа, а 9 години подо...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg