Рајан Гослинг мета на критики, по изјавата дека е разочаран за номинацијата за Оскар: „Зошто тогаш не ја одбиеш?“

„Многу помоќна ќе му беше изјавата ако ја одбиеше номинацијата“ – велат твитерџиите, откако на социјалните мрежи беше објавена изјавата на Рајан Гослинг, каде тој тврди дека се чувствува разочарано затоа што Марго Роби и Грета Гервиг не биле номинирани за Оскари. За разлика од нив, актерот доби номинација за улогата во Barbie.

zoshto-ne-ja-odbiesh-nominacijata-rajan-gosling-meta-na-kritiki-po-izjavata-deka-e-razocharan-zaradi-nominacijata-za-oskar-01.jpg

По објавувањето на номинациите за Оскарите, се огласи актерот Рајан Гослинг, кој е номиниран за најдобар актер во споредна улога, за изведбата во филмот Barbie.

Но, наместо само благодарност и пофалби, актерот упати и критики до Академијата.

zoshto-ne-ja-odbiesh-nominacijata-rajan-gosling-meta-na-kritiki-po-izjavata-deka-e-razocharan-zaradi-nominacijata-za-oskar-02.jpg

Според изјавата, Рајан е вознемирен што режисерката на филмот Грета Гервиг и неговата колешка Марго Роби не добиле номинации, затоа што тие се најзаслужни за успехот што го доживеа филмот.

„Не постои Кен без Барби и нема да постои филмот Barbie без Грета Гервиг и Марго Роби, кои впрочем се и најзаслужни за овој историски филм со светска слава.

Нема да има признанија за кој било во филмот, ако тие немаат талент, умешност и генијалност.

Повеќе сум од разочаран што тие не се номинирани во категориите за улогите што ги одиграа“ – нагласи Рајан Гослинг меѓу другото.

Daily Mail, повикувајќи се на извори блиски до актерот, пишува дека тој е пресреќен за номинацијата, но истовремено е и тажен и разочаран затоа што Марго и Грета не биле номинирани, а чувствува дека токму ним им го должи успехот што го постигнал.

zoshto-ne-ja-odbiesh-nominacijata-rajan-gosling-meta-na-kritiki-po-izjavata-deka-e-razocharan-zaradi-nominacijata-za-oskar-03.jpg

Но, по изјавата, твитерџиите почнаа да коментираат дека актерот само искажува лажна солидарност кон своите колешки.

„Можеше да ја одбие номинацијата или да одбиеше да ја прифатиш додека Грета и Марго не бидат номинирани“;

„Многу помоќна ќе му беше изјавата ако ја одбиеше номинацијата“;

„Ако бев на негово место, ќе побарав да ја повлечат номинацијата и во знак на протест немаше да се појавам на доделувањето на наградите“ - стои во дел од коментарите.

zoshto-ne-ja-odbiesh-nominacijata-rajan-gosling-meta-na-kritiki-po-izjavata-deka-e-razocharan-zaradi-nominacijata-za-oskar-04.jpg

Прочитајте и Номинации за Оскари 2024: „Oppenheimer“ доминира, Марго Роби не е номинирана

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас воопшто не сум како него“ – Зошто Марго Роби е во лоши односи со татко ѝ? Тој имал богатство од 100 милиони долари, но Марго морала да работи како хигиени...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Мрачната страна на Џим Кери: Го обвинуваа за самоубиството на девојка му, ѝ ја избричи главата на об... Редовно навредува новинари кои само пробуваат да си ја работат работата, психичк...
Најомилениот пар во Холивуд! Блејк Лајвли му ги носи децата на Рајан Рејнолдс среде снимање - за да ... Блејк Лајвли и двете постари ќерки го посетија Рајан Рејнолдс на сетот на Deadpo...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...
Барала милионски хонорар за чување деца – Зошто Ванеса Брајант е во лоши односи со мајка ѝ по смртта... „Таа ме контактираше преку адвокати и ми побара 5 милиони долари, куќа и Мерцеде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg