Темниот Витез со најгледан викенд во историјата на филмот!

batman_small.jpgТемниот Витез (The Dark Knight), вториот дел од Бетмен сагата на режисерот и сценарист Кристофер Нолан ги покори благајните имајќи наголем викенд во историјата на кинематографијата со направени над 65 милиони долари првиот ден и со 157 милиони за целиот викенд.

The Dark Knight ги оправда очекувањата на најдобар можен начин со успех како кај публиката, така и кај критиката која веќе го споредува соbatman1.jpg легендарниот Кум 2, како најдобро продолжение на игран филм.

Batman Begins пред три години остави одличен впечаток меѓу фановите на мрачниот стрип херој, па затоа се очекуваше неговото продолжение The Dark Knight да оствари голем успех, меѓутоа овие бројки ги изненадиле дури и самите продуценти на филмот.

Интересно е да се каже дека имало толкава побарувачка за карта повеќе што филмот се прикажувал сите 24 часа, па дури биле распродадени и прикажувањата на филмот во 1, 3 : 30 и 6 часот наутро.

Главните јунаци ги играат Кристијан Бејл, кој ја репризира улогата на Бетмен, покојниот Хит Леџер маестрално го преставува главниот негативец Џокер и Арон Екхарт како државниот обвинител/негативец Харви “Две лица” Дент (2 Face).

За жал, иако во цел свет со нетрпение се очекува и се гледа овој филм, кај нас нема никакви најави за негова презентација.

 

batman3.jpg

Би можело да ве интересира:

Адријана Лима вљубена во сопругот на Кански фестивал – изгледа секси и покрај вишокот килограми (фот... Партнерот ја држи за лицето и разменуваат бакнежи на црвениот тепих. Адријана Ли...
Викторија скока, а Никола се тетерави со високи потпетици на плажа – Како дизајнерката ѝ го честита ... Викторија Бекам скока боса во песокот, а нејзината снаа Никола Пелц со високи по...
Како изгледаат денес актерките од хорор филмовите (поради кои спиевме со запалено светло)? Актерките кои глумат во хорор филмовите често го добиваат епитетот „кралици на в...
Џеј Ло купува на пазар за стари работи, бившиот на Бритни јаде во евтин ресторан: Фото-докази дека и... Мелани Грифит беше фотографирана како пазари низ Беверли Хилс во хеланки и маица...
Горди сме, Македонец со светски успех! Ева Лонгорија повторно е совршена во фустан на наш дизајнер Браво! Бројни светски ѕвезди имаат носено креации на македонскиот дизајнер Тони ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg