Кој со кого е најдобар пријател меѓу познатите?


Тори Спелинг и Џени Гарт

После 10 години од снимањето на серијата „Беверли Хилс“  актерките и понатаму се поддржуваат една со друга. Се здружиле во серијата „Мистериозни девојки“ како продуцентки и актерки.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-9


Зои Кравиц и Џенифер Лоренс

Овие девојки почнале да се дружат кога Џенифер и таткото на Зои, Лени Кравиц ја снимале „Игра на гладот“ во 2011 година, а првпат се запознале на снимањето на филмот „Х-men: First Class“, каде Џенифер го запознала своето сегашно момче Николас Холт.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-10


Ким Кардашијан и Серена Вилијамс

Пријателството на Ким Кардашијан и една од најдобрите тенисерки во светот, Серена Вилијамс, многумина сметаат дека е чудно, но тие постојано го потврдуваат дружењето. Поради многубројните обврски од двете страни, девојките ретко се гледаат, но секогаш имаат што да си кажат.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-11


Бен Афлек и Мет Дејмон

Тие се толку добри пријатели што некои ги озборуваат и дека се хомосексуалци, но тоа не е точно. Двајцата се женети и со деца, но заедно се дружат, знаат да се забавуваат и да бидат еден покрај друг кога им е потребна поддршка.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-12


Мајли Сајрус и Деми Ловато

Тие знаат и бескрајно многу да се караат, но за кратко време да се смират и да си недостигаат кога се разделени. Нив често им се придружува и Селена Гомез, но таа ги избегнува големите караници.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-13


Ријана и Кети Пери

Тие се омилен пар пријателки меѓу познатите. Иако кратко беа разделени кога Ријана беше во врска со Крис Браун, сепак, повторно се заедно, се забавуваат, се дружат, но често знаат и да си префрлаат меѓусебно.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-14


Тејлор Свифт и Селена Гомез

Тие се пријателки веќе 6 години и се огромна поддршка една за друга. Имаат меѓусебна доверба и ништо не може да ги раздели. Најмногу се поврзале кога Тејлор Свифт раскинала со Конор Кенеди, а Селена со Џастин Бибер. Си помагаат, се забавуваат и го одржуваат пријателството без разлика на сите озборувања.

koj-so-kogo-e-najdobar-prijatel-megju-poznatite-15



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg