Бренда Волш повторно во Беверли Хилс

brenda_small.jpgАко сте љубител на серијата „Беврли Хилс 90210“, а уште повеќе на главната актерка Бренда Волш оваа вест сигурно ќе ве израдува. Во припрема е продолжение на оваа серија, под име „90210“, а глумицата Шанен Доерти, која се прослави со улогата на Бренда Волш во почетокот на деведесетите години, неодамна се согласи да гостува во продолжението.

Покрај Доерти и глумицата Џени Гарт се согласи да игра во серијата, а нејзиниот лик - Кели Тејлор, сега е школски brenda.jpgпсихолог. Тори Спелинг, ќерката на Арон Спелинг, творецот на оригиналната серија исто така се согласида гостува во серијата како Дона Мартин, сега сопственик на познат бутик на Беверли Хилс, но нејзиното појавување сеуште временски не е потврдено бидејќи неодамна се породи.

Бренда Волш последен пат ја видовме во серијата пред нејзиниот пат во Лондон на студии за глума. Во новата серија таа е позната театарска актерка која игра во Британија и Америка. На повик на директорот, таа се враќа во своето средно училиште Вест Беверли за да режира еден средношколски мјузикл. Во серијата ќе го видиме и Нејт, сопственикот на ресторанот „The Peach Pit“ кој го игра Џо Е. Тата, со таа разлика што кафулето сега е преуредено во едно модерно и тренди место. Од нам познатите глумци во серијата игра и Лори Лохин, позната по улогата во серијата „Полна куќа“.

Би можело да ве интересира:

Ја држи за рака, внимава на неа: Дилета Леота бремена и вљубена на плажа - кој е убавиот Германец шт... „Штом го видов, знаев дека тој е човекот на мојот живот“ – вели убавата Дилета Л...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Убиство или самоубиство – Сите детали за мистериозната смрт на актерката од „Малечката невеста“ Родителите тврдат дека актерката била убиена, а нејзиниот поранешен партнер вели...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...
Имаат милијарди, а не се полнолетни: Кои се 5-те најбогати деца на светот? Принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот, а на листата најбогати деца е и ...
Меган Фокс речиси гола во јавност: Градите ги прекри со лепенки, а со новата фризура изгледа непрепо... „Има еден дел од мене што ми вели: ‘Морам да бидам гола денес’“ – изјави неодамн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg