Најубавиот затвореник на светот се разведува: Приказната раскажана од неговата сопруга

Џереми Микс (33) во 2014 година стана светска сензација како најубавиот затвореник на светот, а денес чекори по пистите на најпознатите светски модни шоуа и има 1.2 милиони следбеници на Инстаграм.

najubaviot-zatvorenik-na-svetot-se-razveduva-negovata-sopruga-isprati-emotivna-poraka-do-ljubovnicata-01

Чоколадниот убавец со небесно сини очи по 8 години брак се разведува. Џереми беше уловен од папарацо фотографите со Топшоп наследничката Клое Грин како се бакнува на јахта во Турција, а неговата сопруга Мелиса Микс (38) за тоа дозна од медиумите.

Во интервју за еден американски магазин таа откри дека по ова нивниот брак дефинитивно е готов.

najubaviot-zatvorenik-na-svetot-se-razveduva-negovata-sopruga-isprati-emotivna-poraka-do-ljubovnicata-02

Ова е нејзината емотивна исповед:

„Тој упорно ми се извинуваше – не за аферата, туку за начинот за кој дознав за неа. Се чувствувам понижена. Тој ми кажа „Не сакав да се случи вака“. Тие фотографии ќе ме прогонуваат засекогаш.

Ми велеше „Извини, ти не го заслужуваш ова“. Зборувавме за развод. Јас му кажав дека бракот не може да ни биде спасен, а тој се согласи. Нашиот брак е готов.

Инаку за аферата дознав кога станав од спиење и го проверив мојот телефон. Некоја личност што не ја познавам ми испратила директна порака со фотографии на кои мојот маж бакнува друга жена. Бев шокирана.

Како да експлодира бомба и целиот мој свет беше разнесен. Никогаш немав чуено за Клое Грин. Мислев дека мојот сопруг работи.

najubaviot-zatvorenik-na-svetot-se-razveduva-negovata-sopruga-isprati-emotivna-poraka-do-ljubovnicata-03

Се обидов да му се јавам за да разјасниме, но неговиот телефон наводно не работел. Бев лута, повредена и многу, многу вознемирена.

Знам дека за танго се потребни двајца, но Клое знаеше дека тој е оженет. Тоа е неопростливо. Целиот мој свет е растргнат. Што да им кажам на моите деца? Срцето ми е скршено. Каков тип на жена може да ѝ го стори ова на друга жена?

Мојот брак не беше совршен, но мислев дека може да се спаси сè до овој миг.

najubaviot-zatvorenik-na-svetot-se-razveduva-negovata-sopruga-isprati-emotivna-poraka-do-ljubovnicata-04

Се разбира, дека сум ѝ лута на неа и на него исто така. Тоа што го сторија ми го уништи мојот свет. Дали некој од нив помисли на нашите деца и како тоа ќе се одрази на нив? Тие се невини жртви во оваа ситуација. Исто и јас.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно... Биле бизнис партнери кои заедно отвориле своја продукциска куќа, а 9 години подо...
Се откажа од кариерата за да се грижи за синот: Каде е денес актерот што го глумеше Супермен? Жртвата која популарниот Супермен ја направи за својот син ретко кој би ја напра...
Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови Од поново време, ретко кој пар може да се спореди со Џони Деп и Амбер Херд, баре...
Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети? Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg