Први фотки од Dior венчаницата на Миранда Кер, инспирирана од Грејс Кели


Први фотки од Dior венчаницата на Миранда Кер, инспирирана од Грејс Кели

Миранда Кер изгледаше како вистинска принцеза на нејзината свадба со CEO-то на Snapchat, Еван Шпигел.

konechno-fotki-od-prekrasnata-dior-venchanica-na-miranda-ker-01.jpg

Парот се венчаше во мај, во градината на нивниот дом од 11 милиони долари во Калифорнија, пред помалку од 50 најблиски гости.

За нивната свадба тогаш знаевме само некои ситни детали, а сега моделот конечно им овозможува на нејзините фанови да „ѕирнат“ во нејзиниот посебен ден, одлучувајќи се да сподели фотки во Vogue.

Таа блескаше во венчаница на Dior правена специјално за неа, дизајнирана од уметничкиот директор на брендот, Мариа Грациа Киури, а екстравагантната тиара украсена со бисери била дизајнирана од Стивен Џоунс.

konechno-fotki-od-prekrasnata-dior-venchanica-na-miranda-ker-04.jpg

konechno-fotki-od-prekrasnata-dior-venchanica-na-miranda-ker-03.jpg

Венчаницата има долги ракави и за разлика од повеќето, нејзината е без деколте – дизајн за кој Миранда вели дека бил инспириран од венчаницата на Грејс Кели во 1956-та.

konechno-fotki-od-prekrasnata-dior-venchanica-na-miranda-ker-05.jpg

„Искрено не можев ни да замислам поубава венчаница. Кога бев млада, баба ми ми кажа: Миранда, на мажите им значи изгледот. Важно е да изгледаш добро. И ја послушав.“ - изјавува таа.

konechno-fotki-od-prekrasnata-dior-venchanica-na-miranda-ker-02.jpg

Погледнете го видеото од подготовките на невестата, во кое таа изгледа како излезена од бајките:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѕвезди на кои треба да им се забрани Фотошоп И славните понекогаш сакаат да го прикажат нивниот живот на социјалните мрежи ка...
Од сиромаштија и партали, до слава: Животот на Крис Прат Холивускиот миленик кој сè почесто го гледаме на филмските екрани немал толку сл...
Родена е како русокоса: 40 работи кои никогаш не сте ги знаеле за Ема ... Како за почеток, дали сте знаеле дека нејзиното вистинско име всушност не е Ема...