Безвременска убавина: Ева Лонгорија со два беспрекорни аутфити во Њујорк

Актерката Ева Лонгорија скоро и да нема направено модна утка досега. Каде и да се појави, привлекува внимание со својот изглед.

bezvremenska-ubavina-eva-longorija-so-dva-besprekorni-autfiti-vo-njujork-01.jpg

Деновиве, таа отпатува за Њујорк каде требаше да се појави на два настани. За првиот настан, доделувањето на наградите на Accessories Council, славната актерка одбра мал црн фустан со сатенска лента преку рамото.

Косата ѝ беше врзана во високо опавче, а за шминката одбра неутрални тонови и „smokey eyes“ во нејзин стил.

Следниот ден, Ева гостуваше во шоуто на Сет Мејерс. За оваа пригода, актерката беше облечена во краток црвен фустан со долги ракави кој ѝ ги истакна нозете.

Изгледот го надополни со иста нијанса на кармин и потпетици во беж нијанса.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Ева Мендез призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста, ми растат влакна и само ако ... „Јас сум Кубанка и влакнеста сум. Татко ми е влакнест како мечка, а јас сум него...
„На децата во лето треба да им е здодевно, за да сакаат да учат“ – Какви родители се Ева Мендез и Ра... Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде посветена мајка на двете ќерки, а н...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Сопругата на Канје се облече, Пирс Броснан со извалкано сако: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични... Сестрата на Кралот Чарлс, принцезата Ана беше фотографирана како патува во патни...
„Се немам избричено со години“: Убавата ќерка на Мајкл Џексон гордо ги покажува влакната под пазувит... Со години, Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, „се бори“ против нереалните ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg