11 ѕвезди кои не дозволија парите и славата да ги расипат и останаа луѓе

Џон Бон Џови

Рок ѕвездата ја основа добротворната фондација која го носи неговото име и само во Њу Џерси изгради 260 домови за жителите со помали финансиски примања и бездомниците.

Пејачот има отворено и ресторан каде што гладните може да добијат оброк во замена за волонтерска работа.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-10.jpg

Мерил Стрип

Оскаровката активно соработува со многу хуманитарни организации. Во 1983 година со сопругот Дона Хамер ја основаа фондацијата Сребрена планина за уметностите, која помага во развојот на националната уметност, образованието, здравјето, животната средина и секако, ги поддржува жените.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-09.jpg

Мет Дејмон

Дејмон е ко-основач на организацијата Water.org  која им помага на луѓето во загрозените и неразвиените подрачја да имаат пристап до чиста вода. Тој е член на голем број хуманитарни организации, а својата енергија ја насочува и кон оние со ХИВ дијагноза и сиромашните.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-08.jpg

Џорџ Клуни

Во 2008 година Клуни заедно со своите колеги Бред Пит и Мет Дејмон ја основаа организацијата „Не додека ние сме на стража“ – (Not On Our Watch).

Целта е да се спречи геноцидот низ светот и унапредување на човековите права.

Во 2016 година непосредно откако Клуни дозна дека ќе стане татко ја основал сопствената организација за правда. Неговото семејство решило да префрли неверојатни 2,25 милиони долари за изградба и опремување на училишта за сириските деца бегалци кои живеат во Либан.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-07.jpg

Тејлор Свифт

Поп ѕвездата е една од најдарежливите во светот на славните. Ги поддржува програмите кои им нудат помош на бездомните лица и на ранливите категории граѓани на кои им треба најмногу помош.

Член е на Црвениот Крст и Надеж за Хаити, како и на организацијата Архитектура за спас на човештвото. Таа постојано посетува болни дечиња во болниците и ги охрабрува со цел да не ја губат надежта за оздравување.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-06.jpg

Шакира

Латино ѕвездата е голем донатор во фондациите кои им помагаат на дечињата од сиромашни семејства во родната Колумбија и други земји од Латинска Америка.

Во 2007 година Шакира несебично им понуди помош на жртвите кои настрадаа во земјотресот во Перу и ураганот во Никарагва, а во 2010 година ја спонзорираше изградбата на две училишта во Колумбија и Хаити.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-05.jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-дока... Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro...
Џеј Ло кришум јаде бургер, Иванка Трамп го прослави 97-иот роденден на баба ѝ: Фото-докази дека ѕвез... Кој беше фотографиран како се шета со откопчани пантолони по долгиот лет, а кој ...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg