Колку пари ќе заработи сурогат мајката на Ким и Канје за 9 месеци?

Сите медиуми веќе ја пренесоа веста за сурогат мајката која го носи третото дете на Ким и Канје.

kolku-pari-ke-zaraboti-surogat-majkata-na-kim-i-kanje-za-9-meseci-001.jpg

И додека сите се распрашуваат околу основните информации како пол и краен рок на породување, дел од новинарите отидоа чекор понапред.

Веќе има и пресметки колку ќе заработи сурогат мајката за само 9 месеци.

Сите трошоци направени за неа се следниве:

Пред бременоста

Пред сурогат мајката да остане бремена морала да оди на неколку здравствени прегледи, плус на состаноци на кои се легализирало правото на Ким и Канје врз детето откако ќе се роди.

За времето и трпението ѝ биле платени 3.000 долари.

За време на бременоста

Сурогат мајките обично се плаќаат на секои 4 недели, со цени движејќи се помеѓу 2.000 и 3.000 долари.

За 40 недели, тоа се 80.000 до 120.000 долари.

По бременоста

Околу 2 недели по породувањето, сурогат мајката прима исплата околу третина (па, и нешто повеќе) од целосната сума за тие 40 недели.

Со други зборови, ако 40-те недели чинеле 120.000 долари, по породувањето мајката може да добие бонус 40.000 до 60.000 долари.

Поголема исплата имаат сурогат мајките кои веќе еднаш го извршиле процесот до крај, бидејќи се сметаат за психички и физички поподготвени.

Дополнителни трошоци

Секако, ВИП клиентите имаат дополнителни трошоци.

Најчесто тие бараат мајката да живее во Лос Анџелес додека е бремена и да го роди исто така таму.

Ако сурогат мајката е од друго место, клиентот треба да ѝ ги плати сите трошоци за релокација и нормална живеачка.

За царски рез се доплаќаат 2.500 долари.

Па, сурогат мајката на идното Кардашијан-Вест девојче, горе-долу ќе заработи 180.000 долари за 9 месеци.

Како што TMZ тврди, мајката е Афро-Американка во 20-тите години, исто како и нејзиниот сопруг. Во брак е веќе 5 години и има родено 2 дечиња.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Познати личности кои добија дете со сурогат мајка Покрај Марија Шерифовиќ која доби син, кои други познати личности добија дете со...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
Криси Тајген и Џон Леџенд добија дете од сурогат мајка: „Ќе го носи нејзиното име, отсекогаш сакав 4... Со емотивна објава на Инстаграм, Криси Тајген сподели дека со Џон Леџенд добиле ...
9 месеци ги носат нивните бебиња, земаат пари и скапи подароци - Колку заработуваат сурогат мајките ... Ким и Канје на сурогат мајката во 2017-та година ѝ платија 68.000 долари, што сп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg