Џиџи остана без штикла, Бела падна: Неочекувани ситуации на модните недели


Џиџи остана без штикла, Бела падна: Неочекувани ситуации на модните недели

Модните недели во светските метрополи се најважните настани во светот на модата. Полни со гламур, луксуз и ѕвезди од шоу-бизнисот собрани на куп, она што се случува на модните недели се памети и прераскажува долго време откако поминале.

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-01.jpg

Како и обичните луѓе, и славните понекогаш ги следи малер, и тоа баш во најважните моменти кога треба сè да помине во најдобар ред.

Така на пример, на овогодинешната Модна недела во Њујорк, додека Џиџи Хадид дефилираше на пистата, едната штикла ѝ се лизна од ногата, но таа храбро продолжи да оди, а нејзината сестра Бела, пак, на истата Модна недела лани падна на пистата.

Освен вакви малери, имало и многу други шокантни моменти, како на пример кога Норт Вест не престана да плаче додека седеше во првиот ред со нејзините родители.

Во продолжение следуваат нејнеочекуваните моменти на славните од модните недели во светските метрополи:

Моментот кога на Џиџи несакајќи ѝ се лизна штиклата од ногата

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-03.jpg

На модната недела во Њујорк лани, Бела Хадид падна на пистата

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-02.jpg

Норт Вест не престана да плаче на една од ревиите на модната недела во Њујорк, 2015

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-11.jpg

Бен Стилер и Овен Вилсон дефилираа на ревијата на Валентино во Париз за да го промовираат нивниот филм „Зулендер 2“

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-10.jpg

Лејди Гага беше непрепознатлива на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк во 2016-тата

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-09.jpg

Моделот Амина Блу, која беше дел од ревијата на Канје Вест за Yeezy Season 4, падна, па наместо со штикли, ревијата ја продолжи со влечки

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-08.jpg

Кендис Сванапул се сопна и падна на ревијата на Живанши на модната недела во Њујорк, во 2015-тата

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-07.jpg

Од падот си ги изгреба колената

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-04.jpg

Кендал Џенер ги изненади сите кога се појави на ревијата на Марк Џејкобс, во 2014-тата

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-06.jpg

Џиџи Хадид и претходно имаше незгоден момент, кога случајно покажа повеќе отколку што беше потребно на модната недела во Милано, во 2016-тата

gigi-ostana-bez-shtikla-bela-padna-neochekuvani-situacii-na-modnite-nedeli-05.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите моменти кога Ријана ги скрши модните правила и беше тотално своја Ријана полека станува една од најголемите светски ѕвезди што некогаш постоеле. Н...
Сите моменти кога Викторија Бекам покажа дека сепак има смисла за хумо... Иако е позната по нејзиниот сериозен изглед на лицето кој го „носи“ отсекогаш, В...
Сите моменти кога Ким Кардашијан ни покажа дека не е како другите мајк... За членовите на семејството Кардашијан не постои умереност и средина. Сите работ...