„Ќерка ми сака да се ожени со Африканка“ - Пинк ги воспитува нејзините деца родово-неутрално

Пинк неодамна откри дека не сака нејзината 6-годишна ќерка Вилоу и 11-месечниот син Џејмисон, да се ограничуваат според традиционалните родови улоги, бидејќи тие не се етикетирано семејство.

kjerka-mi-saka-da-se-ozheni-so-afrikanka-pink-otkri-deka-gi-vospituva-nejzinite-deca-rodovo-neutralno-01.jpg

Тие сакаат нивните деца да носат слободни одлуки кои не се диктирани од општеството и општо прифатените правила за тоа кој што смее да прави.

38-годишната пејачка исто така откри дека нејзината ќерка сака да се ожени со жена Африканка кога ќе порасне:

„Ние сме семејство без етикети и правила. Минатата недела Вилоу ми кажа дека ќе се ожени со Африканка. А, јас и реков – Супер, ќе ме научиш ли како да готвам африканска храна? Таа на ова одговори – Секако мамо, и ќе живееме со тебе додека не ни биде готов домот.“

Во август, на MTV VMA наградите, Пинк ѝ оддаде почит на нејзината ќерка и сподели приказна за тоа колку е предизвикувачки да се одгледува младо девојче.

Пејачката се потсети дека Вилоу за себе ѝ кажала дека таа е најгрдото девојче кое го познава и дека за неа мисли дека изгледа како момче со долга коса.

На тоа Пинк дала уникатен и оригинален одговор со кој ја советувала:

„Ти си прекрасна. Кога луѓето ме исмеваат, тие велат дека изгледам како момче или дека сум премногу машкуданеста. Но, гледаш ли дека ми расте коса? Гледаш ли како ми се менува телото? Дали гледаш како се продаваат карти и ги полнам салите насекаде низ светот? Малечка, ние не се менуваме. Ние создаваме бисер во школка. Ние им помагаме на другите да се променат, за да можат да ги видат сите видови на убавина.“

kjerka-mi-saka-da-se-ozheni-so-afrikanka-pink-otkri-deka-gi-vospituva-nejzinite-deca-rodovo-neutralno-02.jpg

Секако, ова предизвика бура реакции, некои позитивни кои ја поддржуваат, но и некои кои не се сложуваат со ова. Сепак, секој има право на свое мислење и начин на кој ќе ги воспитува своите деца. 

kjerka-mi-saka-da-se-ozheni-so-afrikanka-pink-otkri-deka-gi-vospituva-nejzinite-deca-rodovo-neutralno-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg