Како помина средбата на Анџелина Џоли и Џенифер Анистон на Златни Глобуси? (фото)

Двете поранешни сопруги на Бред Пит беа заедно на ист настан прв пат по речиси 3 години.

kako-mina-sredbata-na-andzelina-dzoli-i-dzenifer-aniston-na-golden-globes-foto-01.jpg

Во неделата во Лос Анџелес се одржа 75-тото издание на Златни Глобуси на кое Анџелина Џоли и Џенифер Анистон имаа средба прв пат по јануари 2015 година, кога двете се појавија на настанот Critics' Choice Movie Awards.

На една телевизиска снимка направена додека Анистон најавува награда, Џоли намерно со поглед ја избегнува сцената, додека пак актерката Дакота Џонсон, позната по филмот Fifty Shades, ја гледа Анџелина за да ја види реакцијата при појавувањето на Анистон.

За време на настанот Џоли и Анистон ниту еднаш не беа фотографирани заедно, ниту фатени како налетуваат една на друг, но вртењето на погледот на Џоли на страна за време на говорот на Анистон предизвика низа реакции на Твитер.

kako-mina-sredbata-na-andzelina-dzoli-i-dzenifer-aniston-na-golden-globes-foto-04.jpg

kako-mina-sredbata-na-andzelina-dzoli-i-dzenifer-aniston-na-golden-globes-foto-03.jpg

kako-mina-sredbata-na-andzelina-dzoli-i-dzenifer-aniston-na-golden-globes-foto-02.jpg

Додека поранешните сопруги на Бред Пит присуствуваа на значајната филмска манифестација, тој деновиве посети една вечера организирана од актерот Шон Пен.

Џенифер (48) беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005, а Анџелина (42) oд 2014 до изминатата година. Кружеа гласини дека Анџелина и Бред се вљубиле за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“ и токму таа е причината за неговата разделба од Анистон.

На настанот тие седеа на неколку маси една од друга.

kako-mina-sredbata-na-andzelina-dzoli-i-dzenifer-aniston-na-golden-globes-foto-05.jpg

На Златни Глобуси филмот на Анџелина Џоли „First they killed my father“ беше номиниран во категоријата „Најдобар странски филм“, но не успеа да ја добие наградата.

Џенифер Анистон доделуваше награда на настанот, а при пристигнувањето го скокна позирањето на црвениот тепих.

Двете актерки го запазија неофицијалниот дрес код во црно на настанот во знак на протест против филмскиот могул Харви Вајнштајн. И блескаа на сцената:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно... Биле бизнис партнери кои заедно отвориле своја продукциска куќа, а 9 години подо...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg