Се држат за рака и се смеат еден со друг: Љубовта на кралицата Елизабета и принцот Филип (фото)
- Детали
- недела, 14 јануари 2018
-->
Што значи начинот на кој се држат за рака кралицата Елизабета и принцот Филип?
Кралицата Елизабета и принцот Филип не се познати по некое претерано покажување на емоции во јавност, но и нивните мали гестови кажуваат многу.
-->
И додека помладите членови на кралското семејство се поопуштени во покажувањето на емоции во јавност, логично е што постарата генерација е повоздржана.
Кралицата Елизабета и принцот Филип се импресивни 70 години во брак, во кои имаше и разни гласини, но едно нешто беше константно во нивното фукционирање од 7 децении - посветеноста еден на друг.
При јавните појавувања се гледа љубовта на принцот Филип кон неговата сопруга и фактот дека ја обожава.
-->
-->
А чувството изгледа дека е во двете насоки.
-->
Но, според експертите кралицата секогаш сака да ја нагласи својата независност и да даде впечаток на комплетно независна личност.
Тој природно ѝ дава да има водство, но никогаш не заостанува многу зад неа.
-->
Тие дури имаат и специјален начин на држење за рака.
Ова држење е поформално од испреплетувањето на прстите, но и начин на кој се изразува поддршка и комфор. Иако, во последните години тоа може да се протолкува и како помош, бидејќи кралицата веќе е во 10-тата деценија од животот и има потреба од поткрепа.
Принцот Филип постојано ја гледа кралицата за да се осигура дека таа е во ред и дали нешто и недостига.
За време на јавните настани тие често се фотографирани како си прават тивки, приватни разговори.
Сè уште си упатуваат љубовни погледи.
И се смеат еден со друг.
Потсетете се како изгледала кралицата Елизабета во младоста!
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото)
По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ...
„Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ
Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Првиот син ѝ се самоуби, а со двајцата посвоени не разговараше: Факти за Тина Тарнер, која почина на...
На возраст од само 10 години мајка ѝ ја напуштила, откри дека поранешниот сопруг...