Ѕвезди кои не ги познаваа доволно своите партнери пред да стапат во брак

Памела Андерсон и Томи Ли се венчале 4 дена откако се запознале! Иако тие го држат рекордот има уште неколку ѕвезди кои стапија во брак пред да ги запознаат своите партнери.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-001.jpg

Колку и да верувате во брза љубов на прв поглед, за неполн месец е невозможно да го запознаете човекот со кој сакате да го поминете целиот свој живот.

Овие ѕвезди мислеа спротивно и се одлучија за „брз брак“:

Џулија Робертс

Стапи во брак со актерот и кантри пејач Лајл Ловет по 3-неделна романса. Парот тајно се венчал во 1993-та година, но 2 години подоцна бракот се распадна.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-1.jpg

Николас Кејџ

Николас Кејџ и Алис Ким се запознале во 2004-та во суши бар, каде таа работела како келнерка. Парот се состанувал 2 месеци пред да стапи во брак, а неколку месеци подоцна и да добие синче. За жал, во 2016-та оваа љубовна приказна заврши со развод.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-2.jpg

Бритни Спирс

Бритни и нејзиниот танчер Кевин прогласија дека се верени во јули 2004-та, само 3 месеци по започнување на љубовната врска. Во јули 2007-ма парот беше официјално раздвоен.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-3.jpg

Том Круз

Том Круз и Кети Холмс се запознале во 2005-та година, а неколку месеци подоцна се верија. Во април 2006-та станаа родители на Сури. Во 2012-та Кети Холмс побара и доби развод.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-4.jpg

Памела Анферсон

4 дена откако го запознала Томи Ли, во февруари 1995-та, Памела Андерсон стана негова сопруга.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-5.jpg

Клое Кардашијан

Клое се омажи со Ламар во септември 2009-та година, еден месец откако парот се запознал на забава. По низа компликации, разводот им беше финален во декември 2016-та.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-6.jpg

Аврил Лавињ

Аврил и фронтменот на Никлбек, Чад, започнаа врска во 2012-та година, а 1 месец подоцна парот веќе беше верен. Венчавката се одржи на 1-ви јули 2013-та, но само две години подоцна парот се раздели.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-7.jpg

Мараја Кери

Мараја Кери и Ник Канон се знаеле само месец дена пред да стапат во брак, во 2008-ма година. Во 2011-та парот доби близнаци, но во ноември 2016-та беше прогласен нивниот развод.

dzvezdi-koi-ne-gi-poznavaa-dovolno-svoite-partneri-pred-da-stapat-vo-brak-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg