Емотивната исповед на Деми Ловато за менталното здравје и борбата со алкохолот

Пејачката комплетно ја разголи душата за да им помогне на оние кои како и таа имаат проблем со зависностите и менталното здравје.

emotivnata-ispoved-na-demi-lovato-za-mentalnoto-zdravje-i-borbata-so-alkoholot-01.jpg

Деми Ловато има само 25 години, а веќе слави 6 години трезност.

Пејачката за време на еден настап проговори за борбата со алкохолот и дрогата и пријавувањето на рехабилитација во 2010 година.

Нејзината борба е опишана во документарецот „Simply Complicated“.

„Пред 6 години пиев вотка од шише Спрајт во 9 часот наутро, повраќајќи во автомобилот. И само размислував - ова веќе не е слатко, ова веќе не е забавно и јас сум иста како татко ми. Па, затоа го земав животот во свои раце и си кажав дека нешто мора да се направи, дека мора да се отрезнам и го сторив тоа.“

emotivnata-ispoved-na-demi-lovato-za-mentalnoto-zdravje-i-borbata-so-alkoholot-03.jpg

„Направив промени во животот и причината зошто ја раскажувам мојата приказна е затоа што знам дека има луѓе кои мора да побараат помош и јас сакам да знаат дека тоа е сосема Ок.

Да ја поткренеме свесноста и за менталното здравје. Ок е да имаш проблеми со менталното здравје, Ок е да имаш проблеми со некоја зависност.

Јас сум биполарна. Но, се грижам за себе и ви благодарам на сите за поддршката што ми ја дававте во текот на годините и што ми простивте за грешките. Ви благодарам што бевте дел од спасувањето на мојот живот.“

emotivnata-ispoved-na-demi-lovato-za-mentalnoto-zdravje-i-borbata-so-alkoholot-02.png

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg