Многу арно, не е на арно - 14 најразгалени деца во светот

Нормално е секој родител да му пружи на детето сè што тој немал во животот.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot-01.jpg

Сепак, најголем дел од луѓето, реално не можат да си го дозволат тоа. Исклучок се некои премногу богати родители коишто ги разгалуваат децата така што им даваат буквално сè што ќе побараат, вклучувајќи и дизајнерска облека, патувања низ целиот свет, огромни џепарлаци.

Можеби не е толку лошо да ги разгалите понекогаш оние кои ги сакате, но некои од богатите родители претеруваат со задоволување на желбите на нивните деца. Можеби љубовта не може да се купи со пари, но овие родители сигурно се обидуваат да го направат тоа.

Прочитајте како изгледа животот на најразгалените деца во светот:

Сури Круз

Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, го држи местото како едно од најславните деца на познати лица во Холивуд.

Таа добива дизајнерска облека, посета на маникир и педикир со мајка ѝ, како и нејзина сопствена куќичка за играње во вредност од 24.000 долари, како подарок за Божиќ.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (1).jpg

Принцот Џорџ

Нормално е да ве разгалат кога сте дел од кралската фамилија, а ова детенце беше опсипано со подароци на денот кога му беше претставено на светот.

Една компанија дури ги има направено и најскапите турпија и грицкалка за нокти, специјално за принцот Џорџ, а тие биле направени од 18-каратно злато и украсени со 350 дијаманти. Двете парчиња се проценети преку 1 милион фунти.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (2).jpg

Жозевин Лау

Ќерката на познатиот хонконшки бизнисмен Џосеф Лау е позната по тоа што од својот татко милијардер го добива само најдоброто.

Еден од најекстравагантните подароци кои ги има добиено Жозефин е редок 12.03 каратен дијамант во вредност од 69 милиони фунти, којшто е наречен по неа „Сината месечина на Жозефин“.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (3).jpg

Џастин Комбс

Како син на хип-хоп артистот Пи Диди, Џастин ужива во привилегиите на растењето. За неговиот 16-ти роденден тој добил Мајбах лимузина во вредност од 390.000 долари, како и чек од 10.000 долари за да си направи роденденска забава.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (4).jpg

Захари Фурниш-Џон

Синот на Елтон Џон и неговиот долгогодишен партнер Дејвид Фурниш е разгален уште пред да се роди. Наместо да биде во нормални јасли, Елтон Џон адаптирале апартман од 2 милиони долари во приватни јасли. Па така Захари имал свој мултимилионски имот уште пред да се роди.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (5).jpg

Чејс Мекена

Ова девојче се најде на насловните страници како „најразгаленото дете во земјата“ откако успеала да ги убеди родителите да ѝ купат сè што ќе побара, иако тие немаат средства за тоа.

Почнувајќи од безброј дизајнерски парчиња облека, па сè до нејзино сопствено Пони коњче, Мекена ги води своите родители онака како што сака. Таа и нејзините браќа и сестри беа дел од ТВ документирана серија насловена „12-годишната шопохоличарка и останатите деца трошаџии“.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (6).jpg

Јулија Стакива

Ќерката на милијардерот стана позната по фалењето со нејзиниот луксузен живот на Инстаграм. Таа ја добила својата прва дизајнерска чанта уште на 9 годишна возраст.

Се верува дека целата гардероба на Јулија достигнува вредност од 1,5 милиони долари, а таа има признаено дека не била свесна дека другите луѓе не можат да си дозволат дизајнерски чанти или чевли, сè додека не отишла на факултет.

14-najrazgaleni-deca-vo-svetot (7).jpg

Уште 7 разгалени деца на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
Крвта не е вода: Ќерката на Хајди Клум на 19 години е совршенство на плажа - во танга бикини, без гр... Синооката убавица е совршена на модните писти и во едиторијалите, но и во природ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg