Славни фаци со неславно минато: Џеј Ло била зад решетки, Кучер е сведок на убиство

Порано или подоцна, сѐ се дознава. Знаевте ли дека латино дивата Џенифер Лопез има лежено во затвор? Која е глумицата што го „скрши“ дечко ѝ од ќотек, а наместо тужба, доби веренички прстен од негова страна?

slavni-faci-so-neslavno-minato-djej-lo-bila-zad-reshetki-kucher-e-svedok-na-ubistvo-1.png

Ѕвездите кои ги гледаме на филмските платна, или, пак, малите екрани, речиси секогаш делуваат совршено. Како да немаат никакви пороци, а ни проблеми во секојдневиото. Меѓутоа, биографиите на дел од нив се и повеќе од контроверзни. 

Од пијанства и секс скандали, па до кражби и убиства, јавните личности не се без темни дамки во животот. Кои се мрачните тајни што не им успеа да ги сокријат од јавноста? Ова се дел од славните фаци кои имаат неславно минато:

Рис Витерспун

Кој би рекол дека и холивудската нежна душичка умее да биде незгодна и злобничка? Во 2013 година, на интернет се појави шокантно видео со Рис Витерспун во главната улога. Камен пијана и со дрзок став, американската глумица беше снимена како се расправа и му се заканува на полицаец.

„Знаеш ли ти која сум јас?“, прашуваше ѕвездата. Во подоцнежните интервјуа, таа понуди извинување за инцидентот. „Видов како го апсат сопругот и ме фати паника.“, се бранеше Витерспун.

slavni-faci-so-neslavno-minato-djej-lo-bila-zad-reshetki-kucher-e-svedok-na-ubistvo-2.png

Бар Рафаели

Прекрасната русокоса манекенка и некогашна љубов на Леонардо ди Каприо, не само што изгледа како милион долари, туку и заработува вртоглаво високи суми. Меѓутоа, таа има змија во џебот, па одби да си ги плати даноците кон државата, за автомобилите и луксузниот стан во Тел Авив.

Под обвинение дека не ги пријавувале милионските суми заработени во странство, Бар Рафаели и мајка ѝ беa уапсени во родната земја Израел, на 16 декември 2015 година. Моделот помина повеќе часа во истражен затвор.

slavni-faci-so-neslavno-minato-djej-lo-bila-zad-reshetki-kucher-e-svedok-na-ubistvo-3.png

Ештон Кучер

Минатото на филмската ѕвезда е дефинитивно најморничаво. Пред скоро 17 години, девојката со која актерот имал договорено љубовна средба, ладнокрвно беше убиена во својот дом. Ештон Кучер повеќепати ѕвонел на вратата, а подоцна и ги здогледал трагите крв низ прозорецот. Мислејќи дека се од црвено вино, а таа не му отвора затоа што е лута, не се јавил ноќта во полиција.

И самиот беше меѓу осомничените за злосторството, сѐ дури не се обзнани дека виновникот е наводно сериски убиец. Па, подоцна стана сведок во судскиот процес.

slavni-faci-so-neslavno-minato-djej-lo-bila-zad-reshetki-kucher-e-svedok-na-ubistvo-4.png

Eма Робертс

Познатата внука на Џулија Робертс, пак, покажа дека девојките не се секогаш понежниот пол. Во јули 2013 година, таа го претепа нејзиното момче Иван Питерс, по што беше уапсена во Канада. Ја пријавил случаен сведок на насилниот инцидент во хотелската соба.

Иако го „скрши“ од ќотек, дечко ѝ не само што одби да ја тужи Ема Робертс, туку двајцата потоа и се верија.

slavni-faci-so-neslavno-minato-djej-lo-bila-zad-reshetki-kucher-e-svedok-na-ubistvo-5.png

Клое Кардашијан

Полицијата ја уапси старлетата за возење под дејство на алкохол во 2007 година. Познатата членка на кланот Кардашијан беше осудена на 30 дена, а помина помалку од 180 минути во затвор. Сама се пријави да си ја отслужи казната, во придружба на семејството и неизбежните камери. Целиот инцидент беше документиран во нивното реално шоу.

„Ким, престани да се сликаш, сестра ти оди во затвор!“, гласи прекорот што мама Крис Џенер ѝ го упати на нејзината постара сестра во драматичните мигови. Наводно, фамилијата ја чува фотката на Клое од дента во рамка, а дури и се потсетуваат на заедничките мигови со објави на Инстаграм. Фини спомени, нели?

slavni-faci-so-neslavno-minato-djej-lo-bila-zad-reshetki-kucher-e-svedok-na-ubistvo-6.png

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Парис Хилтон се пофали дека вторпат стана мајка, 11 месеци откако откри дека со сурогат добила син Една година откако откри дека се бори со неплодност и дека доби син со сурогат, ...
„Се немам избричено со години“: Убавата ќерка на Мајкл Џексон гордо ги покажува влакната под пазувит... Со години, Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, „се бори“ против нереалните ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg