Роуз Мекгован избегнала силување - Познати личности кои порано биле дел од култ

Роуз Мекгован пораснала во култот Children of God и, за среќа, нејзините родители навреме сфатиле дека децата неретко се силувани, па успеале да избегаат пред тоа да ја снајде и неа.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-01.jpg

Можеби нам ни е чудно зошто некој своеволно би се приклучил на култ со бизарни правила, но забораваме дека лидерите на овие заедници се шармантни манипулатори кои знаат како да ја прикријат мрачната вистина.

Додека кај нас култовите се ретка појава, во САД постојат бројни вакви заедници. Некои култови и не се така бизарни, иако имаат по малку чудни правила. Но, од некои навистина ќе ве полазат и морници.

Во Холивуд постојат неколку славни личности кои пораснале или станале дел од култ, а во продолжение дознајте нешто повеќе за нив:

Хоакин Феникс

Хоакин Феникс е трето од петте деца на неговите родители. Откако тие го добиле второто дете, станале дел од религискиот култ Children of God, а актерот се родил токму овде.

Неколку години подоцна, тие почнале да сфаќаат дека култот не е најдоброто место за нив, откако почнале да се појавуваат шпекулации дека неретко најмладите членови биле киднапирани, па дури и сексуално злоупотребувани.

За среќа, Хоакин и неговите родители успеале да го напуштат култот, а бидејќи сметале дека добиле втора шанса за живот, го промениле семејното презиме во Феникс. Претходно, тие се презивале Ботом.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-02.jpg

Глен Клоус

Родителите на познатата актерка станале дел од Moral Re-Armament – екстремно конзервативна група – кога таа имала само седум години.

Нејзиното семејство останало во култот околу 15 години, а според верувањата на заедницата, секогаш требало да покажуваат апсолутна искреност, апсолутна несебичност, апсолутна љубов и апсолутна чистота.

Лидерите го контролирале секој аспект од животот на членовите на култот – од облеката што ја носат, до она што го зборуваат.

Во 2021 година, актерката прозборе за култот изјавувајќи дека поради психолошката траума што ја доживеала таму ѝ било тешко да ги одржува врските со пријателите и партнерите.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-03.jpg

Винона Рајдер

Кога актерката имала седум години, таа и нејзиното семејство ѝ се приклучиле на заедницата Rainbow. Иако за овој култ нема некои контроверзии, тие сепак имале необичен начин на живот.

Култот го сочинувале седум семејства кои живееле на огромно земјиште без електрична енергија.

Винона и нејзиното семејство го напуштиле култот по три години.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-4.jpg

Дејвид Аркет

Актерот попознат како поранешниот сопруг на Кортни Кокс бил роден во заедницата позната како Skymont Subud. Тој останал овде до деветта година од животот.

Наводно, овој култ бил како „социјален експеримент“ и лидерите ветувале утопија. Но, членовите немале електрична енергија, немале вода, а немале ни тоалети.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-5.jpg

Роуз Мекгован

Исто како Хоакин Феникс, и Роуз Мекгован поминала неколку години во култот Children of God.

За среќа, на нејзините родители навреме им станало јасно што се случува со младите членови, па избегале. Со ова, најверојатно ја спасиле актерката од силување.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-06.jpg

Мишел Фајфер

Мишел Фајфер и не била така мала кога станала дел од култ, но на почетокот не била воопшто свесна дека ѝ се случило тоа.

Актерката се преселила во Лос Анџелес на 20-годишна возраст, кога запознала пар кој верувал дека луѓето можат да живеат без храна и вода, туку само од сончевата светлина.

На Мишел ѝ се допаднала идејата, па почнала да оди на нивните средби.

Подоцна актерката откри дека поранешниот сопруг Питер Хортон, кој тогаш снимал филм за некој култ, е нејзиниот „спасител“. Од љубопитност, актерката почнала да го истражува тој култ, па сфатила дека всушност и таа е дел од култ.

По ова, го напуштила култот, но изгубила и многу пари што им ги плаќала на лидерите како „членарина“.

rouz-mekgovan-izbegnala-siluvanje-poznati-lichnosti-koi-porano-bile-del-od-kult-7.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg