Роналдо, по влечки, го прими роденденскиот подарок од Џорџина - му купи автомобил од 177.000 евра

„Ти си најдобриот татко и најдобриот партнер со кого Бог можеше да ме спои“ – му порача Џорџина на својот партнер Кристијано Роналдо по повод неговиот роденден. Таа му подари подарок вреден 177.000 евра, што е наменет за целото семејство.

djordjina-bosa-mu-go-pokazha-rodendenskiot-podarok-na-ronaldo-ti-si-najdobriot-partner-so-kogo-bog-mozheshe-da-me-spoi-01.jpg

Џорџина Родригез боса излезе надвор за да му го покаже скапиот подарок што таа му го подари на својот партнер Кристијано Роналдо за неговиот 37-ми роденден.

Роналдо на Инстаграм претходно објави фотографија со него и со неговата партнерка Џорџина Родригез на која се гледа дека добил голема торта во форма на неговите иницијали и бројот на дресот „CR7“, а во описот напиша:

„Животот е ролеркостер. Напорна работа, полна брзина, неопходни цели, очекувања… Но, на крајот, сè се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството, вредностите што го прават животот вреден“.

Џорџина објави кратко видео на кое се гледа како боса излегува од нивниот дом во Манчестер за да му го покаже роденденскиот подарок на Роналдо. Станува збор за голем луксузен автомобил кој треба да биде соодветен за нивното семејство што за брзо време ќе стане уште поголемо.

djordjina-bosa-mu-go-pokazha-rodendenskiot-podarok-na-ronaldo-ti-si-najdobriot-partner-so-kogo-bog-mozheshe-da-me-spoi-povekje-02.jpg

Таа му подари автомобил Cadillac Escalade со осум седишта, кој чини околу 177.000 евра.

„Среќен 37-ми роденден на љубовта на мојот живот. Те сакам бескрајно. Ти си најдобриот татко и најдобриот партнер со кого Бог можеше да ме спои. Ти си борец и ги заслужуваш сите убави нешта што ти се случуваат. Ти си совршенство и инспирација“ – му порача таа на Инстаграм.

Во новиот автомобил први имаа можност да се повозат четирите деца на Роналдо. Инаку, Џорџина во моментов е бремена со близнаци, па нивното шестчлено семејство наскоро ќе стане уште поголемо и авотмобилот со осум седишта сигурно ќе им биде добредојден.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Џорџина Родригез на Инстаграм среќна, во живо пак намќореста кога Роналдо ѝ се обраќа на одморот во ... „Што е првото нешто што го видовте?“ –  ги прашува твитерџиите Џорџина Родр...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg