Скандали, долгови, рак: Каде се и што прават денес актерите од омилената серија „Беверли Хилс“?

Сите ја паметиме серијата „Беверли Хилс 90210“. Сите ја сакавме (и сè уште ја сакаме). Со нетрпение чекавме пред телевизорите. Без разлика во кој дел од денот, очите ни беа вперени во убавините на луксузната населба во Лос Анџелес. Иако само преку малите екрани, ги доживуваме проблемите на ликовите како наши, па собиравме сликички, па пополнувавме албуми, па лепевме постери. Живеевме живот по кој мечтаевме, преку нив.

kade-se-sega-glumcite-od-beverli-hils-90210-zhivot-so-skandali-dolgovi-borba-so-rak-smrt-01.jpg

Но, се чини дека проблемите од серијата беа проблеми и во вистинскиот живот на актерите. Од неверства, разводи, дрога, секс, скандали, до болести, и за жал една смрт. Но, за наша среќа Беверли Хилс не заврши во 2000 година. Во 2008 серијата продолжи под името 90210, но за жал, само мал дел од нашите омилени актери ги репризираа своите улоги.

Ајде да видиме, каде сега оние со кои ние израснавме и како кои мечтаевме да бидеме.

View this post on Instagram

A post shared by Gabrielle Carteris (@gabriellecarteris)

Добро ги паметиме Бренда и Дилан, или Шенон Доерти и Лук Пери. Омилениот пар, кој преживеа толку многу.  

skandali-dolgovi-rak-kade-se-i-shto-pravat-denes-akterite-od-omilenata-serija-beverli-hils-01.jpg

Низ својата кариера, Шенон беше позната по тоа дека влегува лесно во конфликти. Тоа е и една од причините поради што си замина од Беверли Хилс, а нејзиниот лик демек се отсели во Лондон.

Покрај сите тие скандали и титули на „актерка со која е тешко да се работи“ Шенон почна отворено да говори за нејзината битка со ракот на дојка (почнувајќи од нејзината дијагноза во март 2015 година). Во 2017 година таа радосно објави дека канцерот е во ремисија и дека во мај 2018 година се решила за операција за реконструкција на градите.

skandali-dolgovi-rak-kade-se-i-shto-pravat-denes-akterite-od-omilenata-serija-beverli-hils-02.jpg

Но, на почетокот на 2020 година, таа објави дека и бил дијагностициран рак на дојка во четврти стадиум. Покрај Беверли Хилс, Шенон е препознатлива во нејзините улоги во Charmed и во Heathers од 1988 година. Од 2011 година е во брак со продуцентот Курт Исвариенко.

skandali-dolgovi-rak-kade-se-i-shto-pravat-denes-akterite-od-omilenata-serija-beverli-hils-03.jpg

Во Беверли Хилс, Лук Пери го глумеше Дилан, мистериозниот дечко кој предизвика низа љубовни проблеми кај младите тинејџерки во неговото опкружување. А ние секогаш ќе го паметиме како неостварената љубов на Бренда.

На жалост, актерот почина на 52-годишна возраст на 4 март 2019 година, пет дена откако доживеа мозочен удар.

Во неговите последни мигови тој бил опкружен со неговите деца Џек и Софи, и вереницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп, мајка му Ен Бенет, очувот Стив Бенет, братот Том Пери, сестрата Ејми Кодер и други блиски роднини и пријатели.

Пред неговата смрт, на големо изненадување на публиката Лук глумеше во тинејџерската серија Riverdale, која е адаптација од стрипот Archie.

Ликот на Кели Тејлор ќе биде секогаш запаметен од совршената глума на Џени Гарт. Почна како најдобра другарка на Бренда, за потоа да заврши како непријателка, за повторно да се зближат при крајот од серијата, и новото продолжение 90210 од 2008 година.

После Беверли Хилс, Џени има глумено во многу телевизиски серии, како на пример What I Like About You со Аманда Бајнс. Во 2015 година, таа се омажи за Дејв Абрамс, откако се разведе со поранешниот Питер Фачинели, со кој има три ќерки.

И нашиот омилен брат Брендон Волш, глумен од актерот Џејсон Присли. Препознатливо за него беше што одбиваше да танцува, и секако фризурата, која беше често копирана од нашата младина во 90-тите.

По емитувањето на серијата актерот почна да се занимава со режија. Најпознати од неговите дела се канадскaта криминалистичка серија Private Eyes.

Тој е татко на две деца и од 2005 година е оженет со сопругата Наоми Лоуд. Преживеа два застрашувачки инциденти во последниве години, кога беше фрлен од коњ додека снимал филм и удар со глава во ѕид за време на автомобилска трка во 2002 година.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg