Секси или бизарно: Maneskin покажаа како изгледа кога мажите носат подвезици (фото)

„Не треба да нè заведувате, веќе сме вљубени во вас“ – велат обожавателките на Maneskin по нивниот настап на Американските музички награди, каде се појавија во панталони со подвезици изработени од штоф. Како изгледаат според вас: секси или бизарно?

odvratno-ili-seksi-maneskin-pokazhaa-kako-izgleda-koga-mazhite-nosat-podvezici-foto-povekje-01 (2).jpg

Дури и кога носи пантолони со подвезици, Дамијано Давид од Maneskin е неодолив за женската публика.

Ова може да се заклучи од лавината позитивни коментари на социјалните мрежи што следеа откако Maneskin објавија фотографии од нивниот изглед за време на настапот на Американските музички награди (АМА).

odvratno-ili-seksi-maneskin-pokazhaa-kako-izgleda-koga-mazhite-nosat-podvezici-foto-02.jpg

Maneskin присуствуваа на доделувањето на Американските музички награди каде ја добија наградата за најдобра рок песна за синглот Beggin, а публиката веќе е навикната на нивниот неконвенционален и ексцентричен стил на облекување.

Сепак Дамијано Давид и останатите членови и овојпат успеаја да ја изненадат публиката така што се појавија во костуми со пантолони кои имаа подвезици направени од штоф.

Освен што прошетаа на црвениот тепих во овој необичен аутфит и настапија во него, членовите на италијанскиот рок бенд ја искористија можноста да споделат и неколку нивни фотографии на социјалните мрежи до кои напишаа:

„Не се обидуваме да ве заведеме“.

Сепак, обожавателките веднаш побрзаа да коментираат дека веќе се вљубени во музичарите што ја освоија европската и светската јавност по нивната победа на Евровизија во 2021-ва година.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

odvratno-ili-seksi-maneskin-pokazhaa-kako-izgleda-koga-mazhite-nosat-podvezici-foto-03.jpg

odvratno-ili-seksi-maneskin-pokazhaa-kako-izgleda-koga-mazhite-nosat-podvezici-foto-05.jpg

odvratno-ili-seksi-maneskin-pokazhaa-kako-izgleda-koga-mazhite-nosat-podvezici-foto-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло опуштена и со разместени бикини јаде на плажа во Италија - далеку од Инстаграм совршенството Додека Џенифер Лопез се сончаше на лежалка на приватна плажа и позираше за на Ин...
Танцува и кришум го снима татко му - Како изгледа 15-годишниот син на Рики Мартин? Се шират гласини дека мајката на близнаците на Рики Мартин е венецуелска актерка...
Кендал Џенер без градник во проѕирен фустан, Деми Мур совршена на 61 година – Славните на Academy Mu... Криси Тајген гордо позираше со сопругот Џон Леџенд, а на настанот се појавија и ...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
„Сега само сакам да се забавувам“ – Рики Мартин се огласи по разводот + факти за неговиот пропаднат ... „Бев 7 или 8 години со Џуан. Сега само сакам да се забавувам. Сакам да уживам во...
Кајли Џенер се бакнува со Тимоти Шаламе на концерт – таинствениот пар ја потврди врската по 4 месеци... Првите гласини за врската на Кајли Џенер и актерот Тимоти Шаламе се појавија ушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg