Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство

Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на еднонеделни подготовки во Струга. Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од осми до 12 мај во Задар, Хрватска.

karatistite-na-makpetrol-se-podgotvuvaat-za-pretstojnoto-evropsko-prvenstvo-01.jpg

„'Макпетрол' е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, а тие ќе бидат и најбројни на ова европско првенство. Ќе учествуваме со осум спортисти од клубот и затоа и одговорноста за успешни резултатски постигнувања кај нас е огромна. Нема да оставиме ништо на случајноста, бидејќи нашиот пристап и однос кон спортот е професионален. Најстручно, со најмодерна тренерска методологија, ќе се подготвиме и ќе направиме сѐ што е потребно за да ги зголемиме шансите за успешен настап на ова првенство - изјави Бошко Заборски, тренер на „Макпетрол“. 

karatistite-na-makpetrol-se-podgotvuvaat-za-pretstojnoto-evropsko-prvenstvo-02.jpg

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајовски и Стефан Стојановиќ. 

karatistite-na-makpetrol-se-podgotvuvaat-za-pretstojnoto-evropsko-prvenstvo-04.jpg

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар. Како спаринг-партнери на подготовките во организација на клубот „Макпетрол“, учествуваат и спортистите Димитар Лозановски, Јована Мицовска и Давид Петков.

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечат...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg