Фудбалот не е фабрика за пари

fudbal-fabrika-za-pari-povekjeЕден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, побара од ФИФА да воведе лимит за астрономските суми, изразувајќи стравување дека...

...сегашната политика на големите клубови може да го уништи фудбалот.

“Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) би морала да воведе финансиска контрола. fudbal-fabrika-za-pari

Однесувањето на клубовите и ненормално високите исплати за играчите ќе ја уништи оваа игра“, порача Пеле од Нигерија, каде ја промовира кандидатурата на Рио де Женеиро за домаќин на Олимписките игри 2016 година.

Пеле рече дека е свесен дека времето кога тој играл не може да се спореди со сегашноста, но наведе дека некои работи мораат да се променат.

“Тогаш немаше големи компании и спонзори и знам дека тоа е друго време Меѓутоа, ова што денес го гледаме не е добро“, изјави Пеле.

Тој изрази стравување дека астрономските трансфери, како последните на Кристијано Роналдо и Кака од Манчестер јунајтед и Милан во Реал Мадрид може да го уништат угледот што го има фудбалот и да го претворат во фабрика за пари.

“Навивачите тогаш ќе ни завртат грб“, додаде Пеле.

Би можело да ве интересира:

ATL: Финален турнир во Скопје Последниот турнир од Adriatic Teqball League (ATL) Ќе се одржи во Градскиот парк...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...
Благодарност до македонската ракометна јавност Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои без...
Каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, од 18 до 22 октомври ќе биде домаќин н...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....
Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg