11 најчудни навики на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ моментално претставува број еден тениски играч и светски познат спортист кој покрај талентот кој му носи успех има и уште неколку ексцентрични таленти кои го прават најинтересниот и најзабавниот спортист.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-01

Од делење на чоколада до имитирање на своите соиграчи. Ова се само неколку од познатите 11 најчудни однесувања на Ѓоковиќ.


1. Пие само топла вода

Во својата книга објаснува дека пие исклучиво млака вода затоа што ладната вода го забавува варењето на храната и ја „носи крвта подалеко од таму каде сака да биде: неговите мускули“. Практично како што го успорува варењето, така го успорува и движењето на крвта во организмот.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-1.jpg


2. Секој освоен Вимбелдон јаде парче трева од теренот

Првиот освоен Вимблдон натпревар во 2011-тата година го крунисува со јадење на мало парче трева. Отогаш оваа традиција продолжува и натаму со секое освојување. Тврди дека тревата има вкус на пот.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-2.jpg


3. Не се одвојува од своето милениче

Неговата пудла Пјер е навистина среќно милениче. Ѓоковиќ воопшто не сака да се одвои од него. Го носи на секој натпревар со себе. Во 2011-та кога не му било дозволено да го внесе близу теренот бил навистина растревожен.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-3.jpg


4. Зборува сам со себеси

Додека игра, често знае да почне сам на себе да си збори и често знае да клевети на својот мајчин јазик, српскиот. Во Мајами дури и му се развика на едно од момчињата кои се задолжени за тениските топки. Подоцна се извини за инцидентот.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-4.jpg


5. Топчето со кое сервира го одбива од земјата неколку пати

Во 2008-та година изнервиран противник дури и му го свртел грбот се со цел да му укаже дека предолго се подготвува за сервирање.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-5.jpg


6. Често лажира повреди

Има навика да се прави дека е повреден кога се разочарува од тешките натпревари и бил обвинуван за тоа дека се преправа дека е повреден од страна на многу негови противници.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-6.jpg


7. Се шегува со публиката

Ѓоковиќ покрај тоа што е светски познат и еден од најуспешните спортисти на денешницата, исто така е и добро познат „шоумен“. Умее да ја насмее публиката приредувајќи и некое неочекувано изненадување. Еднаш тој седна до момчето кое го служи му подаде вода и му го држеше чадорот.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-7.jpg


8. Често сака да ги имитира соиграчите

На неговата листа на луѓе кои обожува да ги имитира се наоѓаат Рафаел Надал, Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Еднаш го имитирано дури и својот тренер, Борис Бекер.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-8.jpg


9. Банани во еден залак

За време на паузите не пропушта да изеде по една банана и тоа во што е можно пократок период и со што е можно помалку залаци.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-9.jpg


10. Опседнат е со танцување

Дефинитивно нема да се случи натпревар на кој барем малку нема да го промрда својот задник и заигра. Некои танцови точки специјално му служат како помош за освојување на натпреварите. Како оној во случајот за Андреј Голубев на натпреварот во Дубаи.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-10.jpg

 
11. Дели чоколада

За време на своите прес конференции често знае да престане зборува и да започне да им дели чоколади на новинарите. Ова го нарекува „мојата мала традиција“.

11-najcudni-naviki-na-novak-gjokovikj-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg