Дуел на Кроксал и Неш: со екстремен спуст на лизгалки до искачување на тронот

Финалето на сезоната во трките кои претставуваат екстремен спуст на лизгалки по замрзнатата патека, ќе се одржи во Сент Пол (Минесота), при што локалниот херој Камерон Неш ќе се обиде да го престигне актуелниот првак Скот Кроксал и да ја освои светската титула. Повеќе од 100 спортисти кои доаѓаат од 20 земји ќе учествуваат во последната трка за оваа година што ќе се одржи во ледениот град на американскиот север.

duel-na-kroksal-i-nesh-so-ekstremen-spust-na-lizgalki-do-iskacuvanje-na-tronot-02.jpg

Сент Пол, Минесота (САД) – Канаѓанецот Скот Кроксал и Американецот Камерон Неш ќе се борат за титулата во светското првенство во Ice Cross Downhill, во финалето на сезоната за најбрзиот спорт на лизгалки што ќе се одржи во Сент Пол на 26 и 27 февруари. Откако Неш доминираше во првата половина од сезоната, која е најдолга во историјата на спортот, при што освои две победи во трките од Red Bull Crashed Ice, Кроксал возврати и ќе се обиде да стане првиот спортист во 15-годишната историја на спортот што ќе успее да освои две титули една по друга. Истовремено, ќе биде одлучена титулата во женска конкуренција, при што трката меѓу Канаѓанките Жаклин Лежере, Миријам Трепание и Илејн Тополински ги има сите предиспозиции да претставува епска завршница на сезоната кога тие ќе излезат една против друга пред расположената публика.

- Чувството е одлично кога си во водство,- рече Кроксал, кој победи на последната трка од Red Bull Crashed Ice во Финска, а потоа го презема и водството на табелата со освојување на две трети места во трките од Купот на возачите, возени токму во Канада (Батхарст и Ширбрук), а притоа Неш имаше само едно шест место на последниот настап во САД, па ја намали неговата предност. - Фокусиран сум на оваа трка. Се обидувам да не мислам на минатите трки и навистина да се сконцентрирам на патеката што е можно побрзо,- дополнува Кроксал кој беше пред Неш во трките возена во Сент Пол во 2013 и 2014 година. Тој е неверојатно конзистентен бидејќи успева да влезе меѓу последните четири во 12 од 14 трки на кои што настапил минатите две сезони, броејќи ги и оние од светското првенство и од Купот на возачите. Единствено потфрлање му беше токму во Сент Пол минатата 2015 година, кога заврши деветти, како и последниот настап во Купот на возачите во Монт ду Лак, кога беше шести.

Неш е првиот Американец кој беше водечки во Red Bull Crashed Ice по двете победи во Квабек Сити и Минхен. Можеше да ја потврди титулата уште на трката во Финска, но падна додека беше во водство и финалната трка ја заврши како четврти. Кроксал беше трет во Квебек Сити и втор во Минхен, но успеа да извади максимум во Финска и во трите настапи од Купот на возачите, со што прејде во водство пред Неш, во пресрет на финалето. Сепак, Американецот верува дека трката на неговиот домашен терен ќе му помогне да се врати во водство и да ја освои титулата. Тој е израснат во Лејквил, педесетина километри јужно од главниот гран на Минесота.

- Секогаш со нетрпение очекувам да дојде трката во Сент Пол, бидејќи тоа е мојот домашен настан,- вели Неш кој токму тука го имаше и првиот настап во 2012 година. - Уживам во тоа како Сент Пол има една од најопасните патеки во сезоната, особено големите стартни рампи по кои Сент Пол е ноторно познат. Трките пред домашната публика се голема предност. Дефинитивно стекнувам енергија од атмосферата во моето родно место.

duel-na-kroksal-i-nesh-so-ekstremen-spust-na-lizgalki-do-iskacuvanje-na-tronot-01.jpg

Патеката долга 360 метри е направена на вештачки мраз, а стартот е поставен на скалилата од катедралата на Свети Павле по што започнува спустот кон реката Мисисипи, а притоа се поставени предизвикувачки „стапици“ за лизгачите: скалеста делница насловена како „ритам на брановите“, тесен лакт свиок со возење по ѕидот на патеката, како и искачувањето и симнувањето од мостот на патеката. Победникот освојува 1.000 поени, второпласираниот 800 поени, додека за третиот се наменети 600 поени.

Американците доцна се придружија на натпреварувањето кое бара голема брзина и цврстина, како и способност за справување со паѓањата, па дури една деценија по формирањето на спортот во 2001 година се одржа првата трка во Сент Пол, но оттогаш таа е редовна станица во светското првенство насловено како Red Bull Crashed Ice. Камерон Неш тогаш беше само студент кој реши да се обиде и заврши на 24 место меѓу 154 учесници во својата прва трка во 2012 година. Веќе во следниот настап, го освои третото место, а минатите две сезони трките пред домашната публика ги завршува како второпласиран.

Спортот исполнет со акција памети доминација од Канаѓаните, Финците, Австријците, Швајцарците и Швеѓаните, додека Американците ги немаше на видикот. Екстремната трка на лизгалки е тактички и физички спорт кој бара голема брзина, со четири учесници по трка кои го започнуваат спусот по замрзнатата патека полна со пречки, при што двајцата најбрзи напредуваат во следната рунда. Во сенка на дуелот меѓу Кроскал и Неш ќе биде настапот на една од идните ѕвезди на овој спорт, Дин Мориарити од Канада, кој е на третото место на табелата и со евентуална победа и кикс на фаворитите има шанса теоретски да ги изненади големите имиња.

Натпреварувањето започнува со тимската трка, при што шест лизгачи се натпреваруваат меѓу себе, односно два тима од по три лизгачи, па овој настан има повеќе учесници отколку во индивидуалните трки. Спекаткуларните призори од борба лакт до лакт се загарантирани на тесната и свиоклива патека, при што во центарот на вниманието се врвните 16 тимови.

Табела (мажи): 1. Скот Кроксал (Канада) 2.950 поени, 2. Камерон Неш (САД) 2.885 поени, 3. Дин Мориарити (Канада) 2.300 поени, 4. Тристан Дужерди (Франција) 1.510 поени, 5. Лука Далаго (Австрија) 1.457,5 поени, 6. Паком Шмит (Франција) 1.445 поени, 7. Килијан Браун (Швајцарија) 1.320 поени, 8. Џон Фишер (Канада) 1.082,5 поени, 9. Пааво Клинтруп (Финска) 1.080 поени, 10. Максвел Дун (САД) 882,5 поени

Табела (жени): 1. Жаклине Лежере (Канада) 2.250 поени, 2. Мирјам Трепание (Канада) 2.090 поени, 3. Илејн Тополински (Канада) 1.700 поени, 4. Алексис Џексон (САД) 1.500 поени, 5. Сидни О`Кифи (САД) 1.420 поени.

Гледајте во живо: Трките од Сент Пол ќе бидат пренесувани во живо на www.redbullcrashedice.com како и на Red Bull TV со почеток во 2.45 минути по средноевропско време во сабота и недела, а потоа ќе бидат достапни како снимки, веднаш по крајот на натпреварувањето. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. За комплетната листа на поддржани уреди, посетете ја страната about.redbull.tv.

Би можело да ве интересира:

Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...
Нов „дијамант“ на македонската кошарка На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во м...
Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпет...
Шпанскиот ракометар Гурбиндо доби ќерка со сопругата Македонка - чекаа еден месец за да ги објават у... Во Македонија ја најде љубовта на својот живот, а сега шпанскиот ракометен репре...
Благодарност до македонската ракометна јавност Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои без...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg