Гала настан во екстремниот спорт: Ла Рошел пречекува осум поранешни победници

На четвртата станица од светското натпреварување Red Bull Cliff Diving, сите победници од оваа серија ќе си ги одмерат силите на историската арена на Ла Рошел, Франција.

gala-nastan-vo-ekstremniot-sport-la-roshel-precekuva-osum-poranesni-pobednici-01.jpg

Ова беше почетната станица на ова натпреварување во 2009 година и овој викенд повторно ќе биде лансирна рампа, бидејќи светската елита во скокови од карпи по шести пат во осум години ќе се сретне на оваа локација во нов дуел оваа серија. И токму овде, пред застрашувачкиот предизвик на Бискајскиот залив, ќе се соочат осумте победници на барем еден од педесет и трите досега одржани настани. Седуммина од нив се уште се дел од составот на скокачи во 2016 и ќе се борат за победа од 27 метарската платформа.

Победникот на инаугуралниот натпревар од средновековната кула Свети Никола, Андреј Игнатенко од Украина, е единствениот кој се повлече од скокањето од карпи и е дел од судиската екипа овде, во Франција. Педесет и двегодишниот Украинец, кој е познат по својот скок од реалната висина за време на натпреварувањето, има една победа покрај своето име. Најнаградуван, пак, од скокачите, со 27 победи на светското натпреварување, од кои три во Ла Рошел, град кој се смета за родното место на ова натпреварување, е Гари Хант, кој доаѓа во Франција како моментален предводник во сезоната.

Британецот е нетрпелив да направи хет-трик од победи во неговиот втор дом пред рекордна публика.

- Ова место е вистинска класика. Посебниот квалитет на Ла Рошел му го даваат луѓето! Стоиш на платформата и сакаш да дадеш се од себе за нив. Погледот од врвот на платформата е феноменален на денот на натпреварувањето. За тоа вреди да се скока. Дури и со полоши резултати, сите си одат од натпреварот со насмевка на лицата,- објаснува петкратниот победник во генералниот пласман. - Ќе направам се што можам за да ја освојам мојата четврта победа овде. Физички се чувствувам најсилен досега и малку е ризично со мојот нов скок. Но ако се исплати, ќе бидам далеку пред сите други, а ако не се исплати, можеби нема да бидам на подиумот. Но вреди да се коцкаш за тоа и јас сум подготвен да ја платам цената.

gala-nastan-vo-ekstremniot-sport-la-roshel-precekuva-osum-poranesni-pobednici-02.jpg

Во текот на последните седум години, легендарниот Колумбиец Орландо Дуке, победник во генералниот пласман во 2009 година, има осум победи, а Артем Силченко десет натпреварувања во своја којрист. Покрај Игнатенко и Хант, Русинот Силченко е трет скокач кој славел на омилената локација од натпреварувањето Red Bull Cliff Diving на францускиот брег од Атлантикот. Американецот Стивен Лобуе, победник на три настани досега, си заслужи свое поглавје во историјата на оваа локација, затоа што неговиот страшен удар со глава од 2015 се уште не е заборавен.

Од 53 победи кои беа достапни за освојување до денес, Џонатан Паредес од Мексико освои две, а поранешниот олимпиец Блејк Олдриџ, како и Дејвид Колтури од Калифорнија, имаат по една победа покрај своите имиња.

Враќањето на оваа исконска локација за светската серија во Ла Рошел, Франција, има повеќе суперлативи, не само поради големиот број гледачи, туку и заради тоа што меѓу самите учесници поранешната одбрамбена кула „Свети Никола“ претсатвува место кое носи најголем предизвик во целото натпреварување, а единствената атмосфера на локацијата кога 75 илјади луѓе замолкнуваат три секунди додека трае скокот и потоа го поздравуваат скокачот кој излегува од водата со извици на воодушевување.

Натпреварувањето можете да го гледате во живо на 23 јули од 16 часот и 50 минути по Гринич на www.redbull.tv

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg