Тони Надал: Ѓоковиќ има среќа

toni-nadal-djokovic-ima-sreka-povekjeЧичкото и тренерот на Рафаел Надал ја обвинува среќата која го следи цела сезона српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Тони Надал е уверен дека...


...неговиот „ученик“ не би ги изгубил сите шест финалиња оваа година, ако едно топче во финалето на Мастерс турнирот во Мајами завршело поинаку.

Рафа загуби во Мајами заради едно топче кое за влакно не ја премина мрежата во одлучувачкиот гем на третиот сет. Бевме на два поени до победа. Се’ можеше да биде поинаку. Во спортот постојат фактори кои делуваат како небитни, а всушност можат да направат пресврт во мечот.

toni-nadal-djokovic-ima-sreka-1

Тони Надал додава и дека поразот на Рафа во финалето во Мадрид, имал силно влијание врз шпанскиот тенисер, што влијаело врз останатите мечови во продолжението на сезоната.

Ако ги анализираме сите шест порази, ќе видиме дека на Индијан Велс, Рафа беше подобар во првиот сет, но потоа буквално „исчезна“ во мечот. Во Мајами беше близу до победата. Но, потоа се случи неуспехот во Мадрид и ова го исфрли Надал од колосек. Почна да ги губи живците што влијаеше на неговите настапи во финалето во Рим, Вимблдон и УС Опен.

Сепак, Тони Надал вели дека Новак заслужено е на моменталната позиција.

Новак заслужено е на првото место. Најдобар е на светот, но имаше многу среќа која за жал не беше и наш сопатник. На пример, во полуфиналето на УС Опен против Федерер се врати после практично изгубен меч. А, Рафа можеби ќе победеше во финалето ако Федерер му беше ривал. Но, не вреди сега да зборуваме за ова. Сe’ се сведува на тоа дека мораш да имаш и доза на среќа.

toni-nadal-djokovic-ima-sreka-2

Тони Надал заклучува дека „никој не е непобедлив, па ни Новак“ и дека големите ривали сигурно ќе се сретнат барем уште еднаш до крајот на 2011.

Не сум пророк за да знам што ќе се случува понатаму, но едно е сигурно. Никој не е непобедлив. Се уште не сме нашле решение против Новак, но ајде да видиме дали тоа ќе се промени“ – заклучува Тони Надал.

Би можело да ве интересира:

„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Христијан Бузалковски испиша историја за македонскиот мотоспорт, освои бронзен медал на европскиот ш... Скопје, 22.01.2024 – Изминатиов викенд во Верона, Италија се одржа Prize Giving ...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
ATL: Финален турнир во Скопје Последниот турнир од Adriatic Teqball League (ATL) Ќе се одржи во Градскиот парк...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg