Жена ги покажа негативните страни на брзото слабеење со Оземпик - Испуштена кожа, испиено лице, сплескан задник
- Детали
- понеделник, 13 мај 2024
Што се случува со телото, кога наместо со вежбање и здрава исхрана ќе се обидете да ослабете со препарати кои исто така се штетни и по здравјето? Жена споделува какво е нејзиното искуство откако го користела лекот Оземпик за слабеење, кој всушност е наменет за лица со дијабетес тип 2 и не смее да се користи без лекарски рецепт. Наместо да добие тело за Инстаграм, таа сега се соочува со други проблеми.
Џес Лорен од САД сакала да има совршено тело за на плажа, па одлучила да го користи Оземпик, лекот за дијабетес, за да ослаби.
Овој лек во последните месеци вирално се шири како опција за слабеење, но важно е да се напомене дека воопшто не се препорачува за ваква намена, заради здравствени причини.
Прочитајте повеќе: Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивудските ѕвезди?
Џес по бременоста тежела околу 103 килограми, и во последните 12 месеци успеала да ослаби неверојатни 35 килограми, но вели дека тоа оставило трајни последици врз нејзиното тело.
Таа денес го покажува своето тело и се гледа дека во моментов мора да се справи со вишокот кожа на стомакот, но и со целосно испуштената кожа на задникот.
„Пробувам костими за капење и мојот задник никаде го нема“ – вели таа.
Појавата на т.н. „оземпик задник“ е честа појава, па кај лицата што го користеле лекот речиси целосно се губат облините на задникот.
Освен тоа, честа е и појавата на т.н. „оземпик лице“, кое се карактеризира со вдлабнати очи и испиени образи.
Па оние што го користеле лекот тврдат дека нивниот изглед неочекувано е променет.
Џес на социјалните мрежи редовно објавува видеа и покажува како изгледало нејзиното тело претходно и кои се последиците со коишто сега се соочува. Наместо тело за на Инстаграм, таа се соочува со испуштена кожа на задникот и на стомакот.
Крис Бустаманте, лекар во САД, вели дека во моментов има сѐ поголем број пациенти кои биле корисници на лекот, а бараат естетски корекции со цел да ги вратат облините на задникот.
„Тоа што се случува е симптом на брзата загуба на килограми, а со брзото слабеење доаѓа и испуштената кожа.
Задникот изгледа целосно сплескано, заради што луѓето се чувствуваат несигурно. Рамниот и испуштен задник во костим за капење не е тоа што го посакуваат“ – вели тој.
Покрај лошиот изглед со висната кожа која делува остарено, очекувани се и непријатни симптоми како последица од користење на лекот за погрешна намена, без препорака од лекар.
Прочитајте и „Користев Оземпик за слабеење – се чувствував ужасно, не можев да станам од кревет“
Мора да се напомене дека лекот Оземпик не е наменет за слабеење и може да има голем број несакани последици, како намалување на функцијата на бубрезите, инфекција на дебелото црево, намален имунитет и голем број други несакани појави.
Во видеото погледнете како изгледа телото по слабеење со Оземпик:
@itfactorjess 👙✨ Bikini Try-On Haul! ✨👙 I’ve got 5 new bikinis (crazy to think i now wear a bikini) and need your help deciding which ones to keep! Vote for your fave in the comments! ⬇️💖 #BikiniHaul #SummerFashion #SwimwearStyle #TikTokFashion #TryOnHaul #VoteYourFave #FashionTrends #BikiniSeason
♬ Its Tricky Run - Alba Music
Б. С. Б. | Црнобело